Skip links

Кукушка

Изработиле: Фросина АНГЕЛЕСКА и Јована ВЕЛИЧОВИЌ


Date:
април 15, 2020

Ова решение е предлог дизајн изработено во рамки на Иницијативата Редизајн на јавни површини 2.0.

Опис на постојната состојба: улицата е тесна за колски сообраќај со незадоволителни димензии на пешачкиот тротоар. Дел од станарите паркираат во подземни паркинзи и сопствени дворови, дел паркираат во паркинг на самата улица, а голем дел паркираат и на самата улица. Главен проблем во сообраќајот е метежот кој се создава поради продавницата на слепиот завршеток.

Сумирани резултати од теренското истражување: Најчести минувачи се млади луѓе и сопственици на миленичиња кои се упатуваат до Градски парк. За постарите, таа е небезбедно место во ноќните часови. За соседството немаат никакви замерки. Главни посочени недостатоци: слаба осветленост и слаба безбедност, недостаток на корпи за отпадоци и недостаток на детски игралишта во близина.

На улицата паркираат и оние кои не се станари, најчесто оние кои работат во близина или купуваат во продавницата на аголот. Главни предности: улица со голема фрекфентност преку ден.

Атмосфера на постојната состојба: Делумно осончано, мирно, тивко место, сигурно, тесно, фрекфентно, со многу возила, тесен фронт, недоволен простор за пешаци. Не е овозможен влез за лица со попреченост и велосипедисти.

IMG_20200215_145720

Концепт

Интервенцијата предвидува стеснување на влезот од булевар „Илинден” и означување со боја која води кон внатрешноста на улицата. Поставување на зелен ѕид со мал простор за седење, кој го ограничува погледот и поканува да се види што има внатре во улицата. Денивелацијата се совладува со рампа и се овозможува пристап за велосипедисти и лица со попреченост. Преку жолта боја се поврзува со соседните улици, во вид на инка. Во внатрешноста се реорганизира паркингот. Возилата кои паркираат на постојниот паркинг сега заземаат само половина од истиот и паркираат само во почетокот поркај улицата. Останатата половина од паркингот е искористена за детски парк и зеленило со што се оживува просторот. Се предвидуваат повеќе корпи за отпадоци и соодветно осветлување.

Конечната цел е зајакнување на маалската заедница и препознатливост на местото. Челичната конструкција на игралиштето е поделено во еднакви модули, кое може да се изведе на најразличен начин. Покрај поставувањето на детските реквизити за играње, се предвидува и простор за седење на родителите. Со ова решение ќе се обезбеди поголема социјализација, повикување на децата надвор на улица, повеќе минувачи, поголема фрекфенција на велосипеди и жива улична атмосфера.

Опис на елементи: Лимени елементи поставени на полните ѕидни платна коишто се користат за седење, потоа челична рамка како завршеток на улицата со зеленило како зелен филтер и звучна бариера. Денивелацијата се совладува со голем потег-рампа долж целата широчина на улицата. Тоа овозможува одржување на мали настани и состаноци на отворено со организирано седење на рампата долж широчината на улицата.

Screen Shot 2020-04-10 at 17.37.46