Skip links

Кузман Јосифовски

Изработиле: ИНТ Глобал Инженеринг АВ


Дата:
април 26, 2020

Технички опис:Ова локација се наоѓа веднаш до главниот прометен булевар. Во околината се наоѓаат неколку јавни институции, Веро центар, автобуска постојка, голем број угостителски објекти итн.

Локацијата е на изузетно прометно место. Во околината се неколку јавни институции, кои поради карактерот на нивната работа се со голем број на посетители, трговски центар, автобуски постојки и во поширокото окружување се и транспортни центри (железничка станица, меѓуградска автобуска станица). Така голем број на транзитни посетители бара место за кратка починка. Просторот предвиден за уредување и поставување на урбана опрема е на пресекот на сите тие движења и идеален за идните корисници.

Најчесто на оваа локација транзитираат граѓани кои ги посетуваат јавните институции, вработени во институциите кои се наоѓаат во околината, студенти и граѓани кои ја користат автобуската постојка во близина.

Она што треба да обезбеди оваа површина

Простор за одмор за граѓаните кои транзитираат на овој дел

Простор за уживање во работниот одмор за вработените во локалните институции

Сегашната патека која води покрај кејот позади комплексот на банките отсекоаш била улица покриена со калдрма. Со тек на време е покриена со бетон, асфалт па и со бекатон плочки. Во делот кој поминува низ локацијата која се обработува, улицата која поминува во патека е обработена со бекатон плочки. Бидејќи подлогата за бекатон одговара и за калдрмата, бекатонот ќе се тргне, а на негово место ќе се постави калдрма за да се врати еден мал одблесок на минатото на Скопје.

Делот на патеките кои се движат помеѓу издигнатите зелени површини а кои ги опслужуваат клупите ќе бидат покриени со крупни дрвени деланки, импрегнирани и обоени во интезивни бои.

Предвидено е поставување на една јавна чешма со која минувачите ќе може да се освежат. Истата е превидена и за миленичиња на кои им е потребна вода. Чешмата ќе се постави на ивица на тротоарот кон крстосницата.

Ќе се постават модуларни лачни клупи без наслон, клупи опремени со приклучок за напојување на мобилни телефони, сет на клупи со масичка на која ќе може да се практикуваат мали игри (шах, домино и слично). Клупите со наслон ќе биде покриен со настрешници – перголи изработени од дрвени конструктивни елементи. Со тоа клупите ќе бидат заштитени од атмосферски влијанија – дожд, како и од сончевото зрачење во летно време. Просторот ќе биде покриен со безжичен интернет и со корпи за отпадоци.

Целиот простор е осветлен со јавно осветлување со канделабри поставени долж тротоарите. Потребно е додадно осветлување на просторот каде се групирани местата за седење.

За делумна изолација на корисниците на скверот од бучавата која се создава од интезивниот сообраќај на околните сообраќајници се предвидува оформување на зелена површина, засадена со трева. Кон булеварот и крстосницата на парковската површина ќе се засади шпалир на украсни растенија.

Издигнатите зелени површини над котата на тротоарот на улицата представуваат бариера за хаотичното движење на луѓето на овој простор. Со издигањето движењето се усмерува во одредени насоки и просторот кој секогаш бил прегазен веќе тоа нема да го доживува. Ѕидовите оформуваат корита кои ќе се наполнат со земја на која ќе се посади зеленило.

За одржување на зелените површини предвиден систем за наводнување кој ќе биде автоматизиран со прскалки поставени по ивица на тротоарите, патеката која оди низ средишниот дел на локацијата и во средишните места на зеленилото. Истиот ќе се поврзе со веќе постоечкиот систем за наводнување на зелените површини – систем „капка по капка“. Истиот функционира кај комплексот на банките, така да приклучувањето не е комплицирано. Поставувањето на мрежата на прскалките и разводната инсталација е предмет на институција во чива надлежност е одржување на зелените површини на градот.