Skip links

Мартиновски – Кале

Изработиле: ИНТ Глобал Инженеринг АВ


Date:
април 25, 2020

Технички опис: Оваа зелена површина во општина Центар се наоѓа веднаш до главниот булевар “Гоце Делчев”, еден од најпрометните булевари во градот, под Калето.

Како централно градско подрачје, околу просторот се движат различни луѓе од различни возрасни групи.Туриститекои одат во посета на Старата скопска чаршија или Калето, студенти со оглед на близината на факултетите, граѓаните кои чекаат превоз (автобус или такси), луѓето кои работат во блиските јавни/приватни институции, итн.

Веднаш до оваа површина се наоѓа автобуска постојка но околу истата нема место за седење додека се чека, ниту чешма за вода која особено е важна во летниот период кога температурите на булеварите во градот достигнуваат речиси 40 степени.

Она што повеќето граѓани сметаат дека треба да обезбеди оваа површина 

Простор кој ќе ги задоволи потребите на патниците кои чекаат превоз на локацијата

Простор кој ќе помогне да се подигне свеста за животната средина

Простор што ќе ја поттикне креативноста и промовира културата

Со поставување на опрема наменета за анимирање на минувачите, паркот ќе биде во функција на подобрување на микролокациите низ градот кои ќе допринесат за поатрактивен парцијален изглед на градската средина.

Од северниот правец да се оформи пешачка патека изработена од травентински плочи. Травентинот веќе е застапен на потпорниот ѕид. Од јужната страна на патеката ќе се постави челична ограда – ракохват, со која ќе се олесни движењето на пешаците. Во долниот дел на патеката до јужната страна на скверот ќе се оформи малo амфитеатрално проширување изработен со обработен травентин.

Амфитеатралнотот проширување ќе биде како точка на која се соединуваат патеките од кои едната води кон Кале, а втората се оформува кон улицата „Лазар Личеновски“.

Долната патека ќе има мало проширување со неколку клупи за кратка починка. Покрај клупите во долниот дел ќе се постават неколку корпи за отпадоци.

Автобуската постојка која се наоѓа на тротоарот на булеварот „Гоце Делчев“ приближно на средина на јужната граница на опфатот е опремена со сериска настрешница изработена од фарбани челични профили и кров од лексан. Настрешницата ја извршува делумно својата функција, лексанот служи како слаба заштита од сонцето. За тој проблем да се ублажи, по должина на тротоарот да се оформи дрворед кој ќе биде двоен.

Првиот ред ќе се постави по средина на пешачкиот дел на тротоарот, а вториот ред по ивицата на локацијата. Со тоа се оформува микролокалитет под природна сенка. За оформување на двојниот дрворед се предвидува садење на дрва со ниски но густи крошни. Со новиот дрворед и постоечките високостеблести растенија ќе се ублажи овој простор во летниот период.

На повисокиот дел на скверот ќе се посадат неколку стебла на јапонска цреша која ќе даде прекрасен амбиент во пролетен период. Предвидено е засадување на ловор покрај горната патека. Се одликува со брз раст и дава можност за обликување. Бојата е зелена, со плодови бобинки со темна боја, кои потсетуваат на вишни. Цутењето е во период од мај до јули.

Во грмушките на ловор ќе се вметнат и неколку садници на црвен евонимус, кој со својата боја ќе даде разигран колор. Расте на сончани и полузасенчени места и бјојата на листот е црвена. Во врска со натрешницата,  ќе се додадат паноа на кои ќе бидат поставени информации посветени на двата уметника Никола Мартиновски и Лазар Личеноски. Со ова ќе се даде маркер за културното наследство на локацијата, и автентичност за целиот простор.

За потреби на минувачите, а во близина на автобуската постојка ќе се постави јавна чешма, која е дадена во графичкиот дел. Чешмата е предвидена да има можност да ја користат и домашните миленичиња. Проблемот на наводнување и одржување на зеленилото во летниот период може да се реши со поставување на бунар за наводнување. Истиот би се лоцирал во нискиот дел на скверот.

Бунарот ќе биде опремен со потопна пумпа, автоматска регулација на работата на пумпата, врзана за системот за автоматско наводнување на зелените површини. Длабочината на бунарот како и снагата и големината на пумпата ќе се одреди по извршени геомеханички истражувања со кои ќе се утврди нивото на подземните води како и нивната издашност. Додатно осветлување ќе се постави и долж пешачките патеки.

Ќе се постават ниски баштенски ЛЕД светла. Со тоа ќе се постигне квалитетно осветлување на самите патеки кои не ќе може да се осветлат со општото осветлување поради високото зеленило.