Skip links

Тафталиџе – Веро пожарна

Изработиле: ИНТ Глобал Инженеринг АВ


Date:
април 25, 2020

Технички опис: Jавната парковска површина која е лоцирана помеѓу булеварот „Митрополит Теодосије Гологанов“ и пожарната бригада која е во објект во низ со деловно станбен објект.

На предметната парцела веќе постои парковска површина. Освен неколку канделабри во паркот не постои било каква урбана опрема вредна за обновување. Мал дел пред влезот во ПП бригада е збогатен со мала фонтана, вклопена во алпинариум. Пред влезот во маркетот израсната е голема жална врба, под чиви гранки на стари клупи се собираат вработените на пауза како и минувачите и станарите. Овие елементи мора да се задржат.

Почитувајќи ги потребите на жителите на овој реон, инвеститорот бара збогатување на содржината на овој дел, со цел да просторот активно го користат.

Со поставување на опрема наменета за забава, паркот ќе биде и во функција на жителите. По мала анкета спроведена во околните објекти, се дојде до сознание дека дел од опремата за најмладите ќе треба да биде намената и за особи со посебни потреби.

Целта е создавање на простор во кој децата со посебни потреби ќе може да разменуваат контакти со останатите деца со и без попреченост. За таа цел предвидена е комбинирана опрема која може да ја користат сите деца со елементи за зголемена сигурност на децата со посебни потреби.

За другите жители, како и вработените во соседните објекти ќе се постават клупи и маси за одмор. Со збогатување на фондот на растенијата со автохтона дендрофлора ќе се оствари подобра изолираност на просторот во однос на булеварот.

На површината каде е предвидена урбаната опрема ќе се постават

Детски кош за лица со посебни потреби; Lулашка за лица со специјални потреби, дупла клацкалка комбинирана со четири седишта од кои две полиетиленски седишта со штитници; Kружен базен за игра во песок; „Багер“ за игра во песок за лица со посебни потреби; Вртелешка за деца со штитници за 3 особи; Брдо за качување од дрвени трупци; Полукружен зид за качување; Кинетчки елемент за игра тип 1 – дрво со метал; Кинетчки елемент за игра тип 2 – дрво со метал; Модуларни лачни клупи со наслон; Клупи со наслон; Корпи за отпадоци тип 1; Корпи за отпадоци тип 2

Зелените површини и игралиштата ќе се заштитат со дрвена ограда со цел за делумна изолација на корисниците на паркот од бучавата која се создава од интезивниот сообраќај. Сегашните патеки се изработени со бекатон елементи, во релативно добра состојба.

Новите патеки ќе се изработат исто така со бекатон за да низ патеките може да се движат родители со мали деца во колички. Површините на кои се поставуваат детските реквизити ќе се покријат со „гумен“ под во табли според спецификација на производителот. Дел од платоата ќе сe епокријат со дрвени деланки. Истите ќе бидат поставени на тампон валиран до потребна збиеност.

Во грмушките ќе се вметнат и неколку садници на црвен евонимус, кој со својата боја ќе даде разигран колор. Растението може да се обликува, расте на сончани и полузасенчени места. Бојата на листот е црвена, а цутењето е во период од мај до август.

Во централниот дел на паркот ќе се постави чешма за питка вода со три лули. Двете со различна височина се за деца и одраснати, а едната е за миленичиња. За одржување на зелените површини предвиден систем за наводнување кој ќе биде автоматизиран со прскалки поставени по ивица на тротоарите. Системот ќе се поврзе со постоечката хидратанска мрежа која е во функција за наводнување на зеленилото.