За нас
Преку ко-дизајнирање и ко-креирање со и за граѓаните, ќе помогнеме да се развијат услуги, проекти и политики што подобро ќе им служат на сите.
Ние веруваме дека ова е вистинскиот начин да се подобри работењето на Град Скопје, а со тоа и квалитетот на живот на жителите на Скопје.
- Експериментирање со иновативни идеи
- Градење на капацитети за иновации
- Зајакнување на иновациска култура
Со цел генерирање на иновативни идеи Скопје Лаб:
- користи интерактивни методи на комуникација
- спроведува истражувачки активности за идентификување проблеми и потреби
- организира работилници за генерирање идеи, развој и нивно тестирање со сите засегнати страни
- организира настани (хакатони, гејминг сесии, предизвици, crowdsourcing, crowdfunding, итн.)
За да ги изгради и зајакне капацитетите за иновации на администрацијата на Град Скопје, а и на граѓаните, Скопје Лаб:
- реализира тренинзи и работилници
- дизајнира процеси и модели за развој на иновации
- организира едукативни настани
- обезбедува база на публикации, студии на случај и материјали поврзани со иновации во јавен сектор
За да ја зајакне иновациската култура во Град Скопје, Скопје Лаб:
- развива наградни шеми за иноватори
- дава поддршка во воспоставување на партнерства со различни национални и интернационални организации
- промовира успешни идеи и приказни за иновации од Град Скопје низ земјата и надвор
Поддржувачи
СкопјеЛаб е основан од страна на УНДП и Град Скопје и како прв центар за иновации во јавен сектор основан во склоп на јавна институција на Балканот Скопје Лаб нуди еден поинаков, иновативен и експериментален пристап во справувањето со предизвиците и како таков би требало да служи како пример кој требало да го следат и другите градови во земјата и пошироко за полесно да се одговори на барањата на граѓаните.
Раководење
Со центарот раководи СмартАп Лабораторија за социјални иновации која е специјализирана во областа на развој на иновации во јавен сектор.
Линк од веб страната:
https://www.innovationlab.mk/