СкопјеЛаб СкопјеЛаб
  • skopjelab@skopje.gov.mk Контактирајте не
#АКТИВНОСКОПЈЕ
  • Дома
  • За нас
  • Пристап
  • Проекти
  • #РЕДИЗАЈНСКОПЈЕ
  • Новости
  • октомври 10, 2019
  • Центар за иновации на Град Скопје
  • Новости

Отворен повик за изработка на проектна документација за 7 зелени јавни површини – скверови

Скопје Лаб со задоволство ве информира дека Град Скопје го отвори повикот за изработка на проектна документација за 7 зелени јавни површини – скверови.

Со објава на повикот се затвора и првата фаза од реализација на иницијативата за озеленување и разубавување на градот согласно потребите на граѓаните.Решенијата кои ќе одговорат на повикот треба да ги отсликаат претходно подготвените концепти кои тимот на Скопје Лаб ги изработи врз база на спроведеното етнографско истражување со граѓаните на Скопје (види ги концептите).

Иако иницијално Скопје Лаб објави само 6 предлог концепти, поради обезбедување на дополнителни средства, повикот се прошири на 7 јавни зелени површини скверови кои беа претходно концептуализирани без разлика на иницијално предвидените средства.

Сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат дадените критериуми за учество во тендерската постапка, можат да поднесат предлог понуда, најкасно до 24.10.2019 во 12:00 часот.

Oгласот за јавна набавка можете на го најдете на следниот линк: https://skrati.mk/050TO

 


Ознаки:
Град Скопјезелени површинизеленилојавна набавкаогласпаркскверскопје
Предходен написОдржана тркалезна маса на тема „Здравјето во нашите урбани политики – колку се здрави нашите градови“
Следен написОдржан вториот модул од програмата SI Innovation Leaders (SIIL)
Поврзани написи
  • Изработка на проекти за финансирање од импакт инвестициско портфолио август 18, 2021
  • Основни и напредни обуки за користење на ИТ алатки за јавната администрација јуни 17, 2021

Добивај известувања

© 2021 Центар за иновации на Град Скопје. Сите права задржани.
 

Loading Comments...
 

    X