Средби со актерите од системот за проектот “Градови на иднината на ЈИЕ”
На 14ти ноември тимот на проектот „Градови на Иднината на Југоисточна Европа“, под водство на EIT Climate KIC оствари неколку средби со различните актери од системот за да се презентира проектот и целите и да се види интересот за потенцијална соработка.
Во тој поглед се оствари една тричасовна средба со претставниците од различните сектори на Град Скопје и три кратки работни средби со претставници од УНДП, ЕБРД и Шведска Амбасада, едни од клучните актери кои веќе или во иднина ќе работат на трансформација на градот.
За време на работните средни се идентификуваа можности за соработка помеѓу актерите, се продискутираа различни пристапи кои се користеле досега и кои понатаму ќе треба да се доусовршуваат за да обезбедат еден по системски начин на имплементација на мерки, креирање нови типови на партнерства и секако идентификување нови можности за генерирање на поголеми финансиски средства за остварување на целите.
Во следниот период тимот активно ќе работи на документирање на основата на која ќе се гради проектот во иднина, на дефинирање на поширок тим на експерти и дефинирање на план на работа за следната 2020 година со активна поддршка од градот Скопје.
Повеќе информации за проектот:
https://www.innovationlab.mk/work/future-cities-of-south-east-europe/
Повеќе за Climate KIC:
https://www.climate-kic.org/