Education: Flipped Classroom
Новите можности за вработување и се поголемите барања на пазарот на трудот во поглед на вештини и способности се повеќе го истакнуваат јазот помеѓу потребите на пазарот и понудата на образованието. Образовниот систем понекогаш наликува на “заспан џин”, огромен и кревок систем кој тешко и бавно се прилагодува и согласно тоа не е во линија со барањата и движењата на приватниот сектор.
За овој џин многупати се има зборувано преку призмата на клучни образовни вредности и организација на училницата особено дискусии кои се однесуваат на организациската структура на училницата чии корени се влечат уште од индустриската ера.
Меѓутоа, ние длабоко веруваме дека уште поважно е да се зборува за можностите кои новите технологии ги нудат во поглед на значајно подобрување на образованието. Дали образовниот систем има потреба од подобрување во начинот на кој изгледа училницата и/или во начинот на кој предавањето се одвива? Дали ни треба иновација во образовниот процес или ова е максимумот кој може образованието да го понуди на студентите/учениците?
Овие и други прашања ќе бидат предмет на дискусија на следниот TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настан насловен како “Education: Flipped Classroom”.
Настанот ќе се одржи на 25ти Октомври, 2017 од 19:00 часот во Регионалниот Центар за Социјални иновации, ФИНКИ Барака 1, Скопје. Работен јазик на настанот ќе биде на англиски.
Повеќе информации за начинот на аплицирање може да најдете овде.