Интегрирање на зелено и сиво: креирање инфраструктура на следната генерација
Традиционалните инфраструктурни системи ширум светот се потпираат на изградени решенија кои го поддржуваат непреченото и безбедно функционирање на општествата. Во време на мултиплицирање на заканите по животната средина, овој пристап сам по себе не може повеќе да обезбеди отпорност на климата и ниво на услуги кои се потребни во 21-от век. Природните системи како што се шумите, поплавните подрачја и почви, може да придонесат за сигурно снабдување со чиста вода и заштита од поплави и суши. Во многу случаи, комбинирањето на оваа „зелена инфраструктура“ со традиционалната „сива инфраструктура“, како што се браните, насипите, резервоарите, пречистителните системи и каналите, може да ги подобри перформансите на системот, да ја зголеми отпорноста, да ги намали трошоците и подобро да ги заштити заедниците.
Давателите на услуги како што се водоводните претпријатија, агенциите за управување со поплави, агенциите за наводнување и хидроенергетските компании може да испорачаат поекономични услуги преку интегрирање на зелената инфраструктура во нивните планови. Меѓутоа, за да ја насочи својата соодветна употреба во главните инфраструктурни програми, зелената инфраструктура мора да биде строго евалуирана и внимателно дизајнирана како и сивите проекти.
Овој извештај им дава насоки на давателите на услуги на земјата во развој и нивните партнери за тоа како да ја искористат оваа можност. На давателите на услуги тој им нуди рамка за проценка на зелената инфраструктура од техничка, еколошка, општествена и економска перспектива и проценка на клучните поволни услови со илустративни примери. Тој исто така дава насоки за креаторите на политики и партнерите за развој, кои мора да ги постават иницијативите и поволните услови за да ги вклучат решенијата кои ја обединуваат зелената и сивата инфраструктура.
Преземи го целосниот извештај овде
Текстот е превземен од World Resource Institute
Изработено од Greg Browder, Suzanne Ozment, Irene RehbergerBescos, Todd Gartner и Glenn-Marie Lange – март 2019