8-мо МАРТОВСКО РЕЛИ #ЖенскоРели2021

07мар09:008-мо МАРТОВСКО РЕЛИ #ЖенскоРели2021

Опис

По повод светскиот ден на жената, 8ми март, Автомобилистичка федерација на Македонија (АФМ) и клубовите членки на АФМ на 07.03.2021 г. организираат #ЖЕНСКОРЕЛИ2021.
Учеството е бесплатно.
Сѐ што ви е потребно:
1. исправно сопствено возило
2. возачка дозвола и сообраќајна исправа
3. жена совозач (навигатор) чија улога е читање на рута.
За сите учеснички се предвидени награди од организаторот и покровителите на настанот.
Свечено прогласување и пехари следува за најдобрите.
Програма за 07.03.2021
Појдовна точка: Спортски центар Борис Трајковски Скопје
9:00-9.45ч. Административни проверки и верификација
9:45 ч. Брифинг со учесниците
10 ч. Свечено отворање на натпреварот
10:30 ч. Старт на натпреварот
13:00 ч. Прогласување на победници

Натпреварот се состои од 2 етапи:
Прва етапа: Возење по зададена рута согласно сообраќајните ограничувања и задолжително поминување низ контролни точки
Втора етапа: Вешто возење т.н. гимкана.
Учесничките ќе бидат поделени во 4 класи во зависност од кубикажата на возилата:
Класа 1: возила до 1.200 ссм.
Класа 2: возила до 1.600 ссм.
Класа 3: возила до 2.000 ссм.
Класа 4: возила над 2.000 ссм.
Посебниот правилник за 8-мо Мартовско Рели можете да го најдете на следниот линк:
https://afm.com.mk
Пријавете се на следниот e-mail:
8mart.reli@afm.com.mk.
НАПОМЕНА:
Да се почитуваат препораките за заштита од COVID19 добиени од Министерство за здравство. Задолжително носење на заштитна маска и одржување на растојание.

Повеќе

Време

март 7, 2021 09:00(GMT+00:00)

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *