октомври, 2020
14окт18:0019:00Бесплатно онлајн предавање за дислексија

Опис
Здружението Ајнштајн како дел од октомври светскиот месец на дислексијата и потешкотиите во учењето со особено задоволство ви го најавува второто од четирите бесплатни онлајн предавања за дислексија. Предавањето ќе се
Повеќе
Опис
Здружението Ајнштајн како дел од октомври светскиот месец на дислексијата и потешкотиите во учењето со особено задоволство ви го најавува второто од четирите бесплатни онлајн предавања за дислексија.
Предавањето ќе се одржи на 14-ти октомври со почеток од 18 часот преку платформата ZOOM.
Предавач ќе биде г-ѓа Славица Тасевска Николовска – единствениот лиценциран тренер за корекција на дислексија, дискалкулија и АДХД по светски познатиот метод на Рон Дејвис.
Како да се пријавите?
Сите заинтересирани учесници потребно е да го пополнат образецот за пријавување даден на линкот подолу и да го поднесат најдоцна до 12.10.2020 година до 17:00 часот.
За линкот до образецот за пријавување кликнете на следниот линк:
https://forms.gle/fWRfXCw25ofSmNcH7
Бројот на учесници е ограничен и затоа ќе бидат организирани 4 предавања.
Овој тренинг ќе се спроведе онлајн преку платформата ZOOM. Сите пријавени учесници, најдоцна еден ден пред почетокот на тренингот, ќе добијат линк преку кој ќе можат да се приклучат на тренингот.
Сите прашања кои се однесуваат на предавањето може да се постават на следнава е-маил адреса: contact@disleksija.org.mk или на телефонскиот број 078/296-885.
Оваа активност е дел од проектот “Младинска информираност за дислексија” е финансиран од Европската Унија
Време
(среда) 18:00 - 19:00
Локација
Online
Leave a Comment