Generation Unlimited - Младински Предизвик

13дек(дек 13)09:0015(дек 15)18:30Generation Unlimited - Младински Предизвик

Опис

Аплицирај на: skrati.mk/GenU2019
Краен рок за аплицирање: 22 ноември 2019
Капацитет: 10 тимови
Повеќе инфо на: www.genunlimited.mk

Во светот живеат помеѓу 93 и 150 милиони деца со попреченост. Светската здравствена организација проценува дека во одредени земји „да се живее со попреченост за децата значи удвојување на веројатноста тие никогаш да не тргнат на училиште”!

Во нашата земја, од вкупниот број ученици кои посетуваат настава секоја учебна година само 0,5% се деца и млади со попреченост.

За да одговориме на модерните потреби за подеднакво, самоуверено и самостојно учество на децата и младите со попреченост во секојдневните активности и во образовниот процес, ги покануваме сите млади на возраст од 14 до 24 години да земат учество на вториот по ред Generation Unlimited – Младински предизвик како ко-креатори на дигитални решенија кои ќе одговорат на предизвикот:

„Како може дигиталната технологија да придонесе за поактивно вклучување на децата и младите со попреченост во образованието и во секојдневниот живот?”

Искористете ја оваа можност да преземете акција! Аплицирајте на – skrati.mk/GenU2019

Детали за тимовите:
– Аплицирајте со вашиот тим од 3 до 5 учесници во една од двете возрасни групи (14 до 18 и 19 до 24 години)* до 22 ноември 2019

*тимовите се категоризираат во две групи според мнозинството на учесници на одредена возраст
Капацитетот на предизвикот е 5 тимови од првата група (14 до 18 години) и 5 тимови од втората група (19 до 24).
(пр. Ако тимот брои 3 учесници на возраст над 18 години и два учесника под 18 години возраст, тој тим ќе припаѓа на групата тимови од 19 до 24 години)

Важна напомена:
Тимовите кои аплицираат треба да вклучуваат и барем еден член кој е лице со попреченост. Овие тимови ќе имаат предност во процесот на селекција. Апликации на тимови кои не вклучуваат и лица со попреченост ќе бидат земени во предвид само ако демонстрираат како предложеното решение низ тесна соработка ќе биде проверено или развиено заедно со лица со попреченост или организации/експерти кои директно работат со лица со попреченост.

Повеќе

Време

декември 13, 2019 09:00 - декември 15, 2019 18:30(GMT+00:00)

Локација

Magenta room, Telekom

Kej 13-ti Noemvri 6, Skopje

Other Events

Get Directions

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *