Грижа за менталното здравје за време на пандемија

16јун19:0020:00Грижа за менталното здравје за време на пандемија

Опис

Во месец јуни организираме онлајн разговори на различни теми, првата тема за која ќе дискутираме за психолошката поддршка на лицата кои употребуваат дроги во време на КОВИД -19 и тоа како да го сочуваме менталното здравје и да го ублажиме товарот од изолацијата во време на пандемија?

? Настанот ќе се одржи на 16 јуни 2020, вo 19 часот на фејсбук страната на ХОПС.

? Во март 2020, Светската здравствена организација прогласи пандемија предизвикана од вирусот КОВИД -19. Покрај енормните здравствени и економски последици, оваа пандемија затвори на момент половина од човештвото дома. Како се манифестира сето тоа?

Што значи исклученоста од нормалните општествени текови и социјализација за сите, а посебно за лицата кои употребуваат дроги и за членовите на нивните семејства, родители, деца, партнери, браќа и сестри, па и за сите луѓе кои сакаат да дознаат нешто повеќе за оваа тема.

? Ова затворање акумулира стрес, анксиозност, чувство на беспомошност. Доклку сте лице кои употребува дроги или пак родител, овој онлајн разговор е за вас.

? Слушнете ги советите за тоа како да си помогнете вам и на вашите блиски од нашиот психолог Despina Stojanovska, дознајте ги и искуствата од терен од Bog Dan Kolev. Модератор на настанот ќе биде Vlatko Dekov.

Онлајн разговорот е реализиран во рамките на Проектот: „Пристап до правда за најмаргинализираните“, кој го спроведуваат Фондацијата Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот и Здружение за правна едукација и транспарентност – СТАНИЦА П.Е.Т., финансиски поддржан од Европската Унија.

Содржините на онлајн разговорот се единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не ги изразува гледиштата на Европската Унија.“

Повеќе

Време

јуни 16, 2020 19:00 - 20:00(GMT+00:00)

Локација

Online Webinar

Other Events

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *