Јавна дискусија: #МКДипломатија

28јун10:0012:00Јавна дискусија: #МКДипломатија

Опис

Почитувани, во име на Член 1 – Институт за глобални политики и право, би сакале да ве поканиме на 28ми јуни [петок] со почеток од 10 часот, да присуствувате на нашата трибина посветена на состојбите во македонската дипломатија, и потребата од професионализација на истата.

Потврдени гости говорници на настанот се:
 Андреј Жерновски, Заменик министер за надворешни работи;
 Ивана Туфегџиќ, Пратеничка во Собранието, Член на Комисијата за надворешна политика;
 Никола Попоски, Пратеник во Собранието, Член на Комисијата за надворешна политика, поранешен Министер за надворешни работи;
 д-р Јулија Брсакоска-Базеркоска, вонредна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од катедрата на меѓународни односи;
 Лазар Поп Иванов, Ко-претседател, Член 1 – Институт за глобални политики и право.

На настанот ќе се споделат резултатите од истражувањето на Член 1 за состојбите во дипломатијата и потребите од промена на моменталното законско решение. Дополнително, ќе имаме јавна дискусија меѓу гостите говорници околу чекорите кои се потребни да се преземат за попрофесионална дипломатска мрежа.

Пријавете го вашето присуство со потполнување на овој краток (1 минута) формулар: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfqRZ6Q6RZMBnnfT89FW-AGU-hsT0DMyodWHujTElq75JzZkg/viewform


Оваа Јавна дискусија е дел од активностите на проектот „#МКДипломатија: кон професионална дипломатска мрежа “, имплементиран од Член 1 – Институт за глобални политики и право. Проектот е финасиски поддржан од програмата „Правна помош и поддршка за зајакнување на капцитетите за застапување и одржливост на граѓански организации“, имплементирана од Македонското здружение на млади правници, Данскиот совет за бегалци, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и Коалицијата сите за правично судење, финансирана од Европска Унија.

Повеќе

Време

јуни 28, 2019 10:00 - 12:00(GMT+00:00)

Локација

Public Room

50 Divizija 22, 1000 Skopje

Other Events

Get Directions

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *