Јавна трибина - Како технологиите влијаат врз развојот на децата

28јун18:0020:00Јавна трибина - Како технологиите влијаат врз развојот на децата

Опис

Здружението Ајнштајн ја има честа да ве покани на јавна трибина на тема “Како технологиите влијаат врз развојот на децата”, која ќе се одржи на 28ми јуни во Јавна соба (public room) со почеток во 18.00 часот.
На оваа трибина, во опуштена атмосфера, ќе ги слушнете мислењата и искуствата од пракса на неколку истакнати експерти за влијанието на современите технологии врз развојот на децата.

Свои говори на оваа трибина ќе имаат:
– Проф. д-р. Славица Арсова психијатар – Универзитетска клиника за психијатрија

– Д-р. сц. Силвана Филипова логопед – Директорка на Заводот за рехабилитација на слух говор и глас

– Татјана Алексиќ – Професор по Македонски јазик и литература во СУГС “Раде Јовчевски Корчагин”

– Проф. д-р. Оливера Рашиќ Цаневска – Институт за специјална едукација и рехабилитација при УКИМ

– М-р Бранка Бугариска – Директорка на издаваштво во “Арс Ламина”

– Бојана Стојменовиќ – психолог Основач на “Мој психолог”

– Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми

Учеството на трибината е бесплатно, но сите заинтересирани своето присуство треба да го најават на следниот линк https://forms.gle/bo1xWLXM4tZYyj2F9 најдоцна до 27.06.2019 година.
Бројот на учесници е ограничен!

Сите присутни ќе имаат можност да постават прашања и да добијат одговори, но и да ги искажат своите мислења и ставови во однос на влијанието на модерната технологија врз општеството.

Оваа јавна трибина ќе се одржи како дел од проектот “Вклучи внимание” реализиран од Здружението “Ајнштајн” кој е дел од проектот “Правна помош за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански огранизации” финансиран од Европската унија.

Повеќе

Време

јуни 28, 2019 18:00 - 20:00(GMT+00:00)

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *