Кариерен Tech Самит

19авг11:0015:00Кариерен Tech Самит

Опис

Кариерен Tech Самит е онлајн едукативен настан во организација на Women in Tech Macedonia кој ќе се одржи на 19-ти септември 2020 година со почеток во 11:00 часот.

Настанот е наменет за студенти од техничките факултети и почетници во IT областа кои сакаат да остварат успешна кариера.

Ќе разговараме за следните теми, кои ќе бидат директно одговорени од експерти од соодветните области за:
? Oптимизација на чекорите во процесот на барање на работа;
? Kонкретни пракси и политики во различни компании кај нас;
? Како до избегнување на евентуални грешки и претставување пред компаниите во најдобро можно светло;
? Кои се финесите кога станува збор за CV и LinkedIn;
? Можни сценарија за време на техничкиот процес и интервјуто.

Говорници на настанот ќе бидат иксусни професионалци, од областа на човечки ресурси, регрутација, како и технички лица, кои се активно вклучени во процесот на пронаоѓање, интервјуирање, селекција и вработување на лица во ИТ секторот.

Како идни учесници на настанот, ве повикуваме да ја пополните оваа Анкета – https://forms.gle/W9BK1Sxi3jhoRso87 – со цел да добиеме подетална слика за вашите предизвици, потреби и прашања од оваа област ?

Повеќе

Време

август 19, 2020 11:00 - 15:00(GMT+00:00)

Локација

Online

Other Events

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *