мај, 2021

21мај10:00Креативен Бизнис Куп Северна Македонија 2021!

Повеќе

Опис

Инспирирани од глобалните случувања во секторот на култура и креативни индустрии и ограничените национални можности за креативни и културни претприемачи, Лабораторијата за социјални иновации СмартАп во партнерство со Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии – УМПАКИ го организираат првиот Креативен Бизнис Куп Северна Македонија 2o21!

Креативниот Бизнис Куп е единствен меѓународен натпревар за иновативни деловни идеи, производи или услуги од креативните индустрии кои имаат потенцијал да растат на глобално ниво.

Се организира годишно во повеќе од 70 земји и за прв пат се случува во Северна Македонија под капата на Creative Business Network (CBN), заедница со повеќе од 3.000 стартапи, институции, индустриски експерти и креатори на политики од повеќе од 80 земји.

Креативниот Бизнис Куп Северна Македонија ќе се одржи на 21-ви мај и е отворен за претприемачи кои работат во културата и креативните индустрии како архитектура, занаетчиство, дизајн, технологии на искуства, мода, филм, гастрономија, компјутерски игри, 3Д, играчки и игри и други (види повеќе во ЧПП).

По завршувањето на процесот на аплицирање, десет (10) избрани финалисти ќе бидат дел од онлајн Академијата каде што со помош на ментори ќе работат на подготовка на својот вредносен предлог кој ќе го презентираат на Националниот натпревар, а воедно ќе се стекнат со  знаење за развој на своите бизнис модели и стратегии за раст.

Победникот на Националниот Куп ќе добие место во Глобалната Академија – ексклузивна акселераторска програма и ќе ја претставува Северна Македонија на Глобалното финале 2021 за време на индустрискиот форум BRIGHT во Копенхаген во јуни.

Тимовите од второ и трето место ќе добијат карта за присуство на Глобалното финале 2021 година, и можност да се состанат и да се поврзат со претприемачи, инвеститори и ментори од над 80 различни земји.

Заради посебните околности оваа година, Националниот Куп 2021 година ќе биде целосно виртуелен! Ова отвора простор да се приклучат повеќе национални и меѓународни говорници, ментори и членови на жири, но исто така им дава можност на стартапите да ги изнесат своите бизнис идеи пред меѓународна публика.

Проверете ги сите детали за настанот тука и следете ги нашите профили на социјалните мрежи за да дознаете повеќе за натпреварот – жири, ментори, говорници, дополнителни награди итн.

Direct application link

Web

FB SmartUp

За повеќе прашања, придружете се на нашата информативна сесија на 22.04.2021 од 17:30 часот на Платформата ZOOM (линк за регистрација).

Настанот е поддржан од Град Скопје и Центар за иновации во Скопје Скопје Лабораторија.

Време

(петок) 10:00

X