Креирај едукативни активности за најмладите
15ное(ное 15)09:0016(ное 16)18:00Креирај едукативни активности за најмладите
Опис
Аплицирај на: https://skrati.mk/Kreirajaktivnosti Рок за аплицирање: 27.10.2019 Ајде да креираме едукативни активности и материјали кои ќе бидат објавени на националната веб платформа за образование! ??
Опис
Аплицирај на: https://skrati.mk/Kreirajaktivnosti
Рок за аплицирање: 27.10.2019
Ајде да креираме едукативни активности и материјали кои ќе бидат објавени на националната веб платформа за образование!
?? Ако сте одделенски наставник кој секојдневно внесува нови, иновативни активности за учење и игра, или пак воспитувач кој се грижи децата да имаат структуриранo, забавнo и едукативно пополнето време за игра, ова е вашата прилика да ги споделите овие или/и да креирате нови активности, кои ќе бидат објавени на првата национална веб платформа за образование! ?♂️
На дводневната работилница, од 15ти до 16ти ноември, ќе се изработуваат дидактички материјали и игровни активности за спроведување на наставен час, кои подоцна ќе бидат јавно достапни и отворени за користење. Секој од тимовите ќе има задача да подготви најмалку 3 материјали/активности за спроведување на час, наменет за деца од 3 до 10 години во одредена област (на пример: животна средина, природни науки, општество, броеви и сл.). При креирање на материјалите може да се послужите со активност која веќе ја спроведувате на некој од часовите и да ја приспособите според одредената рамка, или да креирате нови активности заедно со вашиот тим. Ова може да се вашите експерименти, игри во природа и сѐ она што сакате да го спроведете на часот вон образовната програма.
На тимовите ќе им бидат обезбедени водилки за подготовка и подобро структурирање на развиените материјали, како и помош од графички дизајнери кои ќе ги претстават вашите идеи на визуелен начин.
#За платформата: Таа ќе биде место каде што одделенски наставници, воспитувачи и родители ќе можат да пронајдат материјали и инспирација за подобро спроведување на часовите, за имплементирање на нови начини на учење преку игра и креативни алатки за поттикнување на социо-емоционалниот развој кај децата од 3 до 10 години. Националната веб платформа за образование има за цел да прерасне во дом на голем број материјали и игри за едукација. Па затоа, дојдете заедно да ја креираме!
#Аплицирајте на https://skrati.mk/Kreirajaktivnosti. Крајниот рок за аплицирање е 27.10.2019, може да аплицирате индивидуално или пак како тим, при што апликацијата треба да ја пополните заедно. Тимот треба да има минимум 3 или максимум 4 члена. Доколку аплицирате сами, во консултација ќе ви најдеме и ќе ве сместиме во соодветен тим.
#Логистички детали: Патните трошоци за учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат покриени од страна на организацијата. На настанот е вклучен по еден оброк во ден.
Напомена: За присуство на примените учесници СмартАп ќе обезбеди писмо до вашата институција со кое ќе бидете ослободени од вашите работни обврски на 15.11. Вашето присуство на овој настан е во насока на креирање на материјали кои се важни за целата педагошка заедница. На завршната презентација, ќе добиете сертификат за учество.
Овој настан е во склоп на проектот „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ #Inno4Edu кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и УНИЦЕФ, а го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации.
Прочитајте повеќе за проектот на https://www.innovationlab.mk/work/inno4edu/
Повеќе
Време
ноември 15, 2019 09:00 - ноември 16, 2019 18:00(GMT+00:00)
Локација
Хотел Порта
Jane Sandanski 1A, 1000 Skopje
Leave a Comment