мај, 2019
11мај12:0006:00Ментализирај се!

Опис
Младите од иницијативата „Тука сме, заедно сме!” организираат целодневен настан на 11.05, на кои можеме да научиме повеќе за нашите емоции и како да се справиме со истите. Преку креативна
Повеќе
Опис
Младите од иницијативата „Тука сме, заедно сме!” организираат целодневен настан на 11.05, на кои можеме да научиме повеќе за нашите емоции и како да се справиме со истите. Преку креативна работилница, поткрепена со дискусии со стручни лица и многу бои и весела дружба, ве покануваме да бидете дел од нашата визија и да ни помогнете да ја разбудиме свеста кај младите.
Нашето мото е #ментализирајсе со што ве предизвикуваме да навлезете во креативноста на својот ум и да објавите интересна слика на оваа тема.
Настанот ќе трае од 12 до 18 часот.
Можете да аплицирате со пополнување на следниот формулар:
https://bit.ly/2Jkvr6o
Пријавувањето трае до 09.05 кога ќе бидат изберени 40 учесници.
DRESS CODE: Облечете ја својата омилена маичка и понесете многу позитивна енергија и ентузијазам за соработка.
„Тука сме, заедно сме!” е младинска иницијатива иницирана од младите во скопската гимназија СУГС „Никола Карев”. Главната тема и инспирација за овој иницијатива доаѓа од секојдневниот предизвик со кој се соочуваат адолесцентите, а тоа е менталното здравје и одржување на ментална хигиена. Оваа активност е дел од проектот „Вклучи се за промена!”, кој е спроведуван од Здружение Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD), со подршка од Агенција за млади и спорт.
Проектот „Тука сме, заедно сме!” има цел отпочнување на дискусии и информирање на младите за потребата од ментално здравје и емоционална интелегенција.
Време
(сабота) 12:00 - 06:00
Локација
ДСУ „Никола Карев“ - Скопје
ul. Nikola Rusinski br.2, 1000 Skopje
Leave a Comment