мај, 2019

23мај17:0019:00Осмо издание на „Треш фешн“

Повеќе

Опис

Осмото издание на „Треш фешн“, натпревар на креации изработени со реупотреба на материјали, ќе се одржи утре од 17 часот во МКЦ, по повод Светскиот ден на животната средина. На настанот ќе учествуваат тимови од 40 средни училишта кои веќе четири месеци собираат, рециклираат и изработуваат оригинални модни дизајни.

Целта на „Треш фешн“ е на иновативен начин да ги поттикне средношколците да ја развијат свеста за заштита на животната средина, собирајќи го отпадот околу нив и да креираат оригинални модели преку неговата реупотреба.

Прво, второ и трето место годинава ќе додели петчленото жири во состав: Петар Атанасов – заменик министер за образование и наука, Ружица Антиќ – главен уредник на „Портрет“, Ирина Тошева – моден дизајнер, Марио Додовски – моден критичар и Лука Ѓоргиевски – фронтмен на бендот Funk Shui. Оваа година ќе биде доделена и награда за тимот кој реупотребил најмногу отпад за изработка на својот модел.

Пред настанот учениците ќе имаат можност да учествуваат на едукативна работилница. Уметницата Христина Зафировска со учениците ќе изработува модни додатоци, а изработените дела ќе бидат изложени во холот на Младински културен центар.

Настанот е во организација на Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО, а се реализира со поддршка од Делегацијата на Европска Унија и Град Скопје.

Време

(четврток) 17:00 - 19:00

Локација

Младински Културен Центар

Kej Dimitar Vlahov 15, 1000 Skopje

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X