Панел - дискусија „Младинско претприемништво и вработување“

12јун12:0015:00Панел - дискусија „Младинско претприемништво и вработување“

Опис

Со задоволство Ве каниме да присуствувате на настанот „Можности и бариери за младинско претприемништво и вработување во приватниот сектор во Северна Македонија“ посветен на младинската вработеност, претприемништвото и образованието за претприемништво.
Локација: City Hall Center – Скопје (до МКЦ)
Дата: 12.06.2019
Почеток: 12 часот
Превод: Македонски, албански и англиски јазик.

Настанот претставува можност да се претстават и дискутираат наодите и препораките од истражување кое беше изработено од страна на Институтот за европска политика (ЕПИ). Говорници на панел – дискусијата ќе бидат:
Крешник Бектеши – Министер за економија
Фатмир Бесими – Универзитетски професор на Универзитетот на ЈИЕ, поранешен заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања и поранешен министер за економија
Валентина Дисоска – Здружениe на бизнис жени – Македонија
Олимпија Христова Заевска – Советничка за меѓународна економија и развој – Кабинет на Премиерот на РСМ
Тања Илиевска – Претставник од Фонд за иновации и технолошки развој
Ивона Крстевска – Национален младински совет на Македонија
Норик Селими – Извршен директор Kariera.mk

Настанот ќе се финализира со доделување на награди и сертификати на победниците од Школата за претприемништво „Од идеја до стартап“ која беше спроведена од Младински образовен форум (МОФ).

Овој настан се одржува во рамки на проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образованието за претприемништво“ кој се спроведува од страна на ЕПИ и МОФ, а е поддржан од Центарот за меѓународно приватно претприемништво/Center for International Private Enterprise (CIPE). Преку проектот сакаме да придонесеме кон зголемување капацитетите на младите од Северна Македонија за да се вклучат во претприемништво, да се зголеми улогата на приватниот сектор во образованието за претприемништво и да се зголеми поддршката на политики кои ги подобруваат економските услови за младите од државата.

Повеќе

Време

јуни 12, 2019 12:00 - 15:00(GMT+00:00)

Локација

Младински Културен Центар

Kej Dimitar Vlahov 15, 1000 Skopje

Other Events

Get Directions

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *