Панел-дискусија: „Жени-претприемачи и канадски експерти“

31јан11:0013:00Панел-дискусија: „Жени-претприемачи и канадски експерти“

Опис

Почитувани членки,

На покана на Н.Е. Кати Чаба, Амбасадорка на Канада во Србија, Македонија и Црна Гора, и Меѓународната невладина организација Македонија2025, за заедничкото градење на капацитетите на Здружението на бизнис жени и подобра перцепција на постоечките состојби, Ве покануваме на панел-дискусијата насловена „Жени-претприемачи и канадски експерти: Менторство, развој и одржливост“, која ќе се одржи во DoubleTree by Hilton – Скопје, на 31-ви јануари, од 11:00 до 13:00 часот.

На настанот присутните ќе дискутираат за искуствата и најдобрите практики поврзани со женското претприемништво во Канада и Македонија, најголемите предизвици со кои се соочуваат македонските жени-претприемачи, но и за можностите за соработка со назначени ментори од Канадската организација за извршни услуги – CESO SACO.

Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата пријава за учество најдоцна до 29.01.2019, вторник, на следниот е-маил: contact@abw.mk , со назнака за учество на панел-дискусија.

Ви благодариме и Ве очекуваме!

Со почит,
Здружение на бизнис жени

Повеќе

Време

јануари 31, 2019 11:00 - 13:00 CET(GMT+00:00)

Локација

pin DoubleTree by Hilton Skopje

Blvd. ASNOM, 17, 1000 Skopje

Other Events

Get Directions

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *