#ПочниСоВодно- Еколошка Акција

12сеп09:0012:00#ПочниСоВодно- Еколошка Акција

Опис

Oпштествената одговорност која ја имаме и време е да возвратиме со добро кон нашето Водно, кое е домаќин на настаните на #ПочниСоВодно. Овој пат ќе се одолжиме со тоа што ќе направиме една еколошка акција каде заедно здружени ќе чистиме. Акцијата е со порака. А таа гласи “Чисти патеки за нас”.
Еколошката акција ќе се одвива во тимови.
Тимот на “Аllga San” – ќе има патека од средно Водно кон врвот.
Тимот на “Public Room” – ќе има друга патека која ќе води кон врвот на Водно.
Тимот на Град Скопје – предводен од Сања ќе чисти по асфалтниот пат
Додека нашите тимови во кои учество може да земете и ВИЕ, тимот на ILH, тимот на DNV и тимот на ТРЕХ. Ќе се чистат патеките од средно до врв, од детско до бункери и патот асфалтниот.
Доколку си љубител на дружба, те повикуваме заедно со нас да присуствуваш горе, на врвот на Водно во сабота, од 11 часот, со мала забава и дружба.
Секој од тимовите Ве повикува на придружба во еколошката акција.
Секој учесник кој ќе се пријави на телефоните долу ќе добие заштитна маска и заштитни ракавици, ЛАНЧ ПАКЕТ, а на врвот и добра забава.
МЕСТО НА СОБИРАЊЕ:
– Средно Водно 12.09.2020 г во 09:00 часот
Одвивањето на еколошката акција е со следната содржина (агенда):
– Шест тима, сите заедно во една еколошка акција.
– Составена од 5-7 членови на тимот, со двајца водичи во тој тим кои ќе помагаат и ќе го трасираат патот се до врвот.
– Местото за акција е средно Водно до врвот на Водно.
– Акцијата започнува во 9 часот, Сабота, 12 Септември 2020 година.
– Ќе се одвива три часа или се додека не пристигнат тимовите на врвот на Водно.
– Горе имаме сликање на тимовите (учесниците) и споредување на собраниот отпад од патеката што го понудила. Секоја патека има различен број на поминувачи и секоја различен број на фрлен отпад.
– Патеките се, Пензионерска, Димитар-Цветкова, Патеката на Костените, Олимписка и Патеката по патот до Детското одморалиште и потоа до бункерите..
– На врвот за тимовите имаме ланч пакет, освежување и забава.
– Кеси, ракавици, забава, освежување и храна на врвот ќе бидат од нас,
чистењето од Вас.
Пријавување :
-Сања ✆ 078/ 227 192
-Дејан ✆ 071/ 212 808
Целата еколошка акција се одвива по мерките и протоколоте на Влада на Р.М.
Запазувањето на дистанцата е од значење за сите поединци. Доколку не држите дистанца ќе ви бидат дадени маски. Сите учесници ќе бидат запознаени со мерките против КОВИД 19 на средно Водно во сабота во 09:00 часот.

Повеќе

Време

септември 12, 2020 09:00 - 12:00(GMT+00:00)

Локација

Средно Водно

Other Events

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *