септември, 2019

14сеп(сеп 14)10:0015(сеп 15)18:00После Часови 2019

Повеќе

Опис

Септември е месецот на нови почетоци, а најдрагиот почеток е исполнет со силен детски џагор, стартот на новата учебна година и настанот кој на едно место ги собира сите неформални активности и програми за деца и млади. ?

И овој септември Градскиот Парк ќе биде разигран со многу насмевки и возбудени детски лица на второто издание на После Часови ✏️ – единствениот саем за воннаставни активности за деца и млади кај нас.
Нѐ очекуваат два дена исполнети со разни забавни, активни и практични активности! Овој интерактивен настан ќе опфати голем број на области кои вашето дете ги посетува по завршување на училишните обврски – од уметност, спорт, музика, танц, ликовна уметност, пеење, едукативни центри и програми, изучување на странски јазици, училишен прибор и реквизити.⚽ ??

Секое дете ќе ја има уникатната можност да го искуси и доживее сѐ она што го нудат најдобрите едукативни центри, организации, музички и уметнички студија и спортски клубови кај нас, а родителите ќе имаат можност од прва рака и на едно место да ги дознаат сите информации кои се поврзани со воннаставните активности на нивните деца.

Наскоро ќе биде објавена и целосната програма за настанот, затоа не пропуштајте да ги заследете официјалните страни на Facebook и Instagram за да дознаете повеќе!

Настанот е отворен и бесплатен за сите. Останува само да нѐ посетите и на своето дете да му овозможите да го разбуди својот внатрешен мал гениј… Се гледаме! ?

Време

14 (сабота) 10:00 - 15 (недела) 18:00

Локација

Градски Парк Скопје

Градски Парк Skopje 1000

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X