Предавање: Започни бизнис со помош на crowdfunding платформа
26јун18:0020:00Предавање: Започни бизнис со помош на crowdfunding платформа
Опис
Започни бизнис со помош на crowdfunding платформа Имате идеа на која и е потребна финансиска и маркетинг поддршка од вашите идни купувачи? Ви требаат резултати за да привлечете инвеститиори? Преку употреба
Опис
Започни бизнис со помош на crowdfunding платформа
Имате идеа на која и е потребна финансиска и маркетинг поддршка од вашите идни купувачи? Ви требаат резултати за да привлечете инвеститиори?
Преку употреба на Crowdfunding платформите вашите идни купувачи се воедно и вашите инвеститори!
Младински образовен форум ве кани на бесплатно предавање кое ќе ви помогне да стигнете до поуспешно лансирање на вашиот продукт, да го зголемите вашето присуство на нови пазари и да ја подигнете свесностт за вашиот бренд, имате голема шанса да успеете во тоа преку некоја од попознатите Crowdfunidng платформи (Kickstarter, Indiegogo, GoFundMe, LendingClub, Crowdcube, FundingCircle, LetsFundIt, Funderbeam).
Предавачот е Иван Зографски – ко-основач на Солвео – агенција за стратешки дизајн и иновации која ги поттикнува компаниите да испорачаат иновативни решенија. Предавачот беше дел од една од успешните Crowdfunding приказни во Македонија заедно со тимот на Солвео и TipOfTheWeek – првата интерактивна книга за личен и професионален развој што доаѓа од Балканот. Кампањата ја достигна дефинираната цел од 8.000 $ поставена на Kickstarter и подигна 8.259 $. Поддржана од 105 поддржувачи, од повеќе од 50 различни земји, кампањата беше успешно завршена.
Ова предавање е дел од проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“ кој во државата се спроведува од страна Младински образовен форум (МОФ) и Институт за европска политика (ЕПИ), со поддршка од Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).
Повеќе
Време
јуни 26, 2019 18:00 - 20:00(GMT+00:00)
Локација
Public Room
50 Divizija 22, 1000 Skopje
Leave a Comment