Редизајн на јавни површини Скопје 2.0
15фев(фев 15)10:0016(фев 16)16:00Редизајн на јавни површини Скопје 2.0
Опис
? Аплицирај на: https://bit.ly/36EgAvJ Датуми: – Прв дел: 15 и 16 февруари – Втор дел: 22 и 23ти февруари Краен рок за аплицирање: 10
Опис
? Аплицирај на: https://bit.ly/36EgAvJ
Датуми:
– Прв дел: 15 и 16 февруари
– Втор дел: 22 и 23ти февруари
Краен рок за аплицирање: 10 февруари
После успешната реализација на првиот циклус работилници – Редизајн на јавни површини 1.0, со големо задоволство официјално го отвараме повикот за учесници на вториот циклус работилници насловен „Редизајн на јавни површини во Скопје 2.0“, овојпат со неколку нови локации на кои им е потребна вашата креативност и вештини!
Доколку сте граѓанин кој го засега уредувањето на јавните површини и сакате да придонесете за подобрување на вашиот град, ве покануваме да се пријавите на четиридневна работилница за редизајн. Целта на оваа иницијатива е да помогне во озеленување на јавниот простор и негово дизајнирање согласно потребите на граѓаните.
Идентификуваните локации на кои ќе се работи се:
Краевите на слепите улички кои гледаат на Бул. Илинден и тоа: Ул. Благоја Страчков, Ул. Кукушка, Ул. Крсто Баиќ и Ул. 8ми Март, ул. Коле Неделковски, Ул. Пајак, Ул. Коста Веселинов.
Дел од ул. Наум Наумовски Борче кај “Bike Market” кој ќе се прошири во тротоар и дел од паркингот од спротива кој ќе треба да се озелени.
? На следниот линк може да ги погледнете локациите – https://bit.ly/2S2bQus
Овие површини во моментов се во незавидни услови или се со нецелосно искористен потенцијал. Со оглед дека локациите се наоѓаат непосредно до булевар со голема фрекфенција на возила, озеленувањето на просторот ќе биде клучен елемент во новите дизајни.
Работилницата ќе се одржи во викендите:
15 – 16ти февруари
22 – 23ти февруари
Учество ќе можат да земат 18 учесници, кои поделени во 3 групи, ќе работат на одредени локации под водство на посветен ментор и група на дополнителни експерти од различни области (архитектура, просторен и пејсажен дизајн, градежништво, иновации, занаетчиство итн.) кои ќе им помагаат во процесот.
Како резултат од работилницата ќе се изработат неколку концепт дизајн проекти за овие простори, концепти кои ќе бидат водилка за нивно идно уредување од страна на градот Скопје и општините.
? Пријавете се со пополнување на следната форма: https://bit.ly/36EgAvJ
Сите учесници ќе се здобијат со искуство за:
? Работа во мултидисциплинарен тим
? Спроведување локално истражување
? Ко-креирање со крајни корисници
? Уредување на јавен простор
? Дизајнирање на урбана опрема
? Презентирање на проекти и идејни решенија
? Изработка на концепт за дизајн на простор (во сите негови елементи)
? Сертификат за учеството
Учесниците можат да бидат:
?♂️ Студенти од областа на архитектура, просторен или пејсажен дизајн
?♀️ Млади архитекти, уметници, пејсажни дизајнери, градежници, инженери
?♂️ Сите останати заинтересирани граѓани од било кое занимање кои сакаат и сметаат дека можат да придонесат во процесот
Присуството е задолжително на сите денови од работилницата (во просек 5 часа на ден).
Задолжително е носење на свој личен лаптоп за потребите на проектот. Работилницата е бесплатна, работен јазик на работилницата е македонски.
Повеќе
Време
февруари 15, 2020 10:00 - февруари 16, 2020 16:00(GMT+00:00)
Локација
Skopje Urban Living Lab
Салих Ашим, Стара Скопска Чаршија
Leave a Comment