Skopje Light Art District

19авг(авг 19)19:0022(авг 22)23:59Skopje Light Art District

Опис

По урнекот на сличните популарни фестивали низ Европа, за прв пат во Скопје и Македонија, од 6-ти до 9-ти октомври “Skopje Light Art District” на граѓаните ќе им овозможи уникатно доживување исполнето со светлост и многу бои. Фестивалот “Skopje Light Art District” e еден вид нов културно-општествен настан, а отворањето е резервирано за почетокот на Белата ноќ. Замислата на фестивалот е да внесе малку светлина и боја во секојдневието кое го сите го живееме и да ни ја покаже убавата, шареноликата страна на животот. Сите присутни на фестивалот ќе имаат можност да бидат дел од едно ново, интригантно и необично искуство. Фестивали од ваков тип се одржуваат редовно низ Европа и светот, но главната идеја за “SkopjeLight Art District” потекна од РОК (ROCK) проектот, проект на Хоризонт 2020 програмата на ЕУ. Во тој проект, Град Скопје на културно ниво е вмрежен заедно со уште 11 други градови од ЕУ. Еден од тие градови е и Лион во Франција, град со историски и традиционално најстар фестивал на светлосна уметност, кој послужи како еден вид директна инспирација за “Skopje Light Art District”. На фестивалот оваа година ќе настапат 15 артисти од земјата и странство, со најразлични светлосни инсталации, воглавно поставени низ Старата скопска чаршија. Се работи за уметници кои досега учествувале на голем број вакви фестивали. Отворањето на фестивалот започнува во 20 часот на 6 октомври, со светлосна проекција и 3-димензионално мапирање проектирано на зградата Ибни Пајко, на самиот влез на Старатаскопска чаршија. Мотото на фестивалот е “Следи ја патеката“. Посетителите штом ќе пристигнат на местото на проекцијата, ќе ги дознаат и насоките по кои ќе се движи “патеката“ и каде ќе можат да ги видат инсталациите во наредните три дена. Отворањето ќе заврши во 23 часот, во Музејот на современа уметност со интерактивен аудио визуелен перформанс.

Повеќе

Време

август 19, 2020 19:00 - август 22, 2020 23:59(GMT+00:00)

Локација

Скопје

Other Events

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *