Твојот избор на урбана мобилност: Велосипедизам

23апр19:0021:00Твојот избор на урбана мобилност: Велосипедизам

Опис

#Аплицирај на: http://skrati.mk/TEDxSkopjeSalon
#Краен рок за аплицирање: 18.04.2019, 18:00ч.
#Капацитет: 20 учесници

Градовите на иднината се создаваат врз основа на набљудување на потребите на луѓето, следење на добрите примери и дизајнерските принципи на други градови. Добриот дизајн на градовите ги мотивира граѓаните да користат одржливи транспортни средства, како што е велосипедот. Со инфраструктурата се подобрува безбедноста на граѓаните, како и се олеснува мобилноста во сообраќајот.

На улиците во Скопје секојдневно гледаме се повеќе велосипеди, особено во потоплите сезони. Увозот на велосипеди постојано расте низ годините, а со тоа и љубителите на велосипедизмот се повеќебројни. Но дали градот доволно се приспособува со својата инфраструктура кон сегашните потреби на граѓаните?

Како што вели еден TED говорник: „Ние сме архитектите и дизајнерите на градовите, ова се наши градови, доколку има повеќе велосипедисти градот мора да се приспособи на потребите на граѓаните“. Токму поради ова, Ве покануваме на TEDxSkopjeSalon настан на тема: „Твојот избор на урбана мобилност: Велосипедизам”, настан каде ќе дискутираме за подобро велосипедско Скопје и адаптација кон новите трендови на урбана мобилност.

Дел од прашањата кои ќе ги дискутираме се: Како да ја воздигнеме велосипедската култура во Скопје? Како да бидеме активни учесници во дизајнирање на градот со цел да има место и пристапност за сите превозни средства еднакво? Како други градови поддржуваат различен вид на мобилност?

Настанот ќе се оддржи на 23.04.2019 со почеток од 19:00 часот во просториите на i-bank store – Стопанска банка.

Како да аплицираш:
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар на следниов линк: http://skrati.mk/SpRan ; најдоцна до 18.04.2019, 18:00 часот.

Официјалниот TEDxSkopjeSalon настан може да го погледнете на овој линк: https://www.ted.com/tedx/events/34553

Настанот е независно организиран ТEDх настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на партнер организациитe, експерт гостите и агендата на настанот ќе бидат дополнително објавени.

Повеќе

Време

април 23, 2019 19:00 - 21:00 CET(GMT+00:00)

Локација

i-bank store

Стопанска банка, 1000 Skopje

Other Events

Get Directions

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *