септември, 2019

Опис
Овој четврток [19.09.2019] од 19:00 на Рекорд дојдете на голема ВЕЛО ФИЕСТА!Централното градско подрачје се затвара како предлог идеја за идна пешачка зона во центарот на градот и како промоција
Повеќе
Опис
Овој четврток [19.09.2019] од 19:00 на Рекорд дојдете на голема ВЕЛО ФИЕСТА!
Централното градско подрачје се затвара како предлог идеја за идна пешачка зона во центарот на градот и како промоција на културата на користење на одржливи форми на транспорт!
Настанот ќе биде проследен со голем број на интересни активности за најмладите, но и за возрасните. Најмладите ќе имаат можност да цртаат на самата улица, да скокаат на замок, да играат фудбал во големото фудбалско игралиште и да се забавуваат со нивните омилени супер херои! Исто така ќе може да се вклучат во различни игри како што се:
влечење со јаже, трчање со јајце во лажица, правење на замок од чаши, скокање на јаже, диско забава и други игри без граници.
За возрасните од 21:00 часот започнува музичка програма со DJ Marjan Mats Petrovski и најразлични игри како: џиновско пикадо, серва, рачно фудбалче и големо фудбалско игралиште.
Исто така со секоја одговорена анкета на тема: Рекорд – Пешачка зона?!, следува гратис кафе.
Оваа година, 2118 градови од над 50 држави низ Европа се приклучуваат кон активно одбележување на оваа недела, која се одржува под мотото: „Пешачи со нас“. Бидете дел од овој настан и поддржете ја кампањата за Европската Недела на Мобилност 2019г!
Време
(четврток) 19:00 - 23:00
Локација
Плоштад Македонија
Leave a Comment