СкопјеЛаб СкопјеЛаб
  • skopjelab@skopje.gov.mk Контактирајте не
#АКТИВНОСКОПЈЕ
  • Дома
  • За нас
  • Пристап
  • Проекти
  • #РЕДИЗАЈНСКОПЈЕ
  • Новости
  • август 22, 2019
  • Центар за иновации на Град Скопје
  • Новости

Одржана 4та работилница за редизајн на услугата за управување со кабаст отпад

На 21ви август во Град Скопје се одржа 4та работилница за редизајн на услугата за управување со кабаст отпад. 

Целта беше да се презентираат финалните резултати и решенија што учесниците ги дизајнираа во изминатиот период за време на 3те дизајн работилници, односно предлог решението за редизајнирање на услугата на ЈП Комунална Хигиена како и неколку предлог нови решенија кои системски ќе помогнат во справување со овој проблем.


Решенијата се движеа од измена на процес на пријава и плаќање, предлог промотивни и едукативни активности, до нови услуги за реискористување на мебел и други слични предмети и воспоставување на центри за занаетчии и за донација на мебел и други предмети на социјално загрозени лица или лица во ризик. 

Како потсетување, решенијата ги дизајнираа претставниците од ЈП Комунална Хигиена во соработка со претстaвници од приватни претпријатија кои управуваат со отпад, администрацијата од Град Скопје, занаетчии, претставници од невладиниот сектор и заинтересирани граѓани на Скопје, преку процес кој го фасилитираше тимот на Скопје Лаб. 


Следен чекор е средба помеѓу високото раководство на ЈП Комунална Хигиена и Град Скопје каде што ќе се идентификуваат приоритените акции и активности кои би се имплементирале во следниот период. 

Следете нѐ за да бидете во тек со прогресот и резултатите од процесот.

Повеќе за проектот може да прочитате овде: https://skrati.mk/KabastOtpad

Предходен написMake website that surpasses amongst all the latest trends
Следен написWhy a visual identity system is more memorable than a logo
Поврзани написи
  • Изработка на проекти за финансирање од импакт инвестициско портфолио август 18, 2021
  • Основни и напредни обуки за користење на ИТ алатки за јавната администрација јуни 17, 2021

Добивај известувања

© 2021 Центар за иновации на Град Скопје. Сите права задржани.
 

Loading Comments...
 

    X