СкопјеЛаб СкопјеЛаб
  • skopjelab@skopje.gov.mk Контактирајте не
#АКТИВНОСКОПЈЕ
  • Дома
  • За нас
  • Пристап
  • Проекти
  • #РЕДИЗАЈНСКОПЈЕ
  • Новости
  • јануари 29, 2020
  • Центар за иновации на Град Скопје
  • Новости

Повик за ментори – Редизајн на јавни површини 2.0

СкопјеЛаб – Центарот за иновации на Град Скопје продолжува со иницијативата за редизајн на јавни површини и изработка на нови концепт дизајн проекти за простори кои ќе се служат како водилка за идно уредување на локациите од страна на градот Скопје и општините. За таа цел, објавуваме – Повик за ментори (Urban Changemakers) кои ќе се вклучат во процесот. 

Одговорности на менторите:

  • Учество на иницијален менторски состанок за договарање методологија на работа
  • Фасилитација на еден тим за време на четиридневната работилница за ко-креирање концепти (15,16, 22, 23 февруари) 
  • Поддршка на тимот во спроведување на етнографско истражување – теренска анализа
  • Учество на финална менторска средба
  • Техничка финализација на концептите

Секој ментор ќе биде задолжен да води тим од 6 лица со различна позадина – архитектура, пејсажен дизајн, енергетска ефикасност, програмирање, графички дизајн итн.

Редизајн на локациите ќе се прави долж улицата Илинденска, специфично:

  1. Краевите на слепите улички кои гледаат на Бул. Илинден и тоа: Ул. Благоја Страчков, Ул. Кукушка, Ул. Крсто Баиќ и Ул. 8ми Март, ул. Коле Неделковски, Ул. Пајак, Ул. Коста Веселинов.
  2. Дел од улицата Наум Наумовски Борче кај Bike Market кој ќе се прошири во тротоар и дел од паркингот од спротива кој ќе треба да се озелени.

На следниот линк може да ги погледнете локациите –  https://bit.ly/2S2bQus

Потребно:

  • завршени додипломски студии во областа на архитектура, пејсажен дизајн, електротехнички науки, енергетска ефикасност, иновации, уметност или други слични области. Магистерски студии ќе се сметаат за предност.
  • имате желба и идеи да го подобрите градот
  • имате искуство во водење на група и/или работилница 
  • тимски играч, позитивни сте, спремни за работа во динамичен тим
  • интернационални работни искуства ќе се сметаат за предност
  • основачи или лидери на групи на млади луѓе, организации и сл. ќе се смета за предност

Сите заинтересирани нека испратат CV на skopjelab@skopje.gov.mk најдоцна до 05.02.2020.

Избраните кандидати ќе бидат известени најдоцна до 08.02.2020.

За менторите е предвиден соодветен финансиски надомест, врз база на авторски договор. 

Прочитајте повеќе за првата работилница на: https://bit.ly/36wZDDv

 

За СкопјеЛаб — Центар за иновации на Град Скопје

СкопјеЛаб е Центар за иновации на Град Скопје кој работи на изнаоѓање на иновативни начини за решавање на предизвиците и проблемите со кои се соочува Градот. Работи како посредник меѓу граѓаните, академските институции, компаниите, секторите и одделенијата на градот, општините и граѓанските организации со цел ко-креирање на заедничка вредност, брзо прототипирање и/или проверка и селекција на иновативни решенија.  – https://skopjelab.mk/

 

 

Ознаки:
Град Скопјејавнименторповикповршини. Скопјередизајн
Предходен написОдржан прв циклус работилници за редизајн на јавни површини во Скопје
Следен написПовик за учесници на работилница: Редизајн на јавни површини Скопје 2.0
Поврзани написи
  • Изработка на проекти за финансирање од импакт инвестициско портфолио август 18, 2021
  • Основни и напредни обуки за користење на ИТ алатки за јавната администрација јуни 17, 2021

Добивај известувања

© 2021 Центар за иновации на Град Скопје. Сите права задржани.
 

Loading Comments...
 

    X