Услугите се најдобри и најефективни, кога работат за сите – од креаторите на политиките, до првите редови на градската администрација и граѓаните.
Затоа Скопје Лаб користи дизајнерски пристап во развивање иновации кој започнува од потребите на корисниците. Користење на ваков пристап во уникатниот систем и култура на работа на Град Скопје ќе обезбеди дизајнирање услуги, проекти и политики што подобро ќе им служат на сите.
Тимот на лабот составен од истражувачи, дизајнери и стратези работи заедно со администрацијата на Град Скопје и сите засегнати страни за да се идентификуваат проблеми и предизвици, генерираат идеи, тестираат и имплементираат иновативни решенија на проблемите кои ги засегаат граѓаните.
Користиме процес за развој на иновации кој се состои од 7 фази и е дефиниран во Рамката за иновации на Град Скопје која може да ја најдете во делот на Ресурси.
Подолу е прикажана поедноставена верзија на процесот.
Истражување
Ги започнуваме проектите со истражување со цел да се разбере моменталната состојба и јасно да се дефинира проблемот и предизвикот. Ова значи визуелизација на цел сет од активности, идентификација на слабости итн.
Активности за дефинирање на опсег и контекст
Дефинирање на опсег
Истражувачка работа
Мапирање на активности
Синтетизирање на потребите на корисниците
Дизајнирање на приказна за предизвикот
Ко-дизајнирање
Администрацијата на Град Скопје заедно со вас дизајнира нови решенија. Наодите кои ги добиваме од истражувањата ги групираме тематски и потоа работиме на развој на идеи, тестирање прототип решенија за нови потенцијални услуги, алатки, проекти итн.
Активности за ко-дизајн
Креирање теорија на промени
Ко-дизајнирање и развивање прототип решенија
Планирање на пилот програма
Дефинирање на критериуми за мерење на резултати
Евалуација
Пред да преминеме на целосна имплементација или репликација на едно од предложените решение, ние тестираме повеќе решенија, за да ја провериме нивната ефикасност и успешност. Тестирање на мали пилот проекти ни овозможуваат да ги идентификуваме и отстраниме сите слабости на активностите пред да објавиме високо буџетен проекти.
Активности за имплементација
Идентификување на нови активности
Тестирање во реална околина
Евалуација
Планирање за имплементација
Репликација