Работилница за граѓанските организации – “Дизајнирање на проекти со користење на иновативна методологија”
СкопјеЛаб – Центарот за иновации на Град Скопје на 12 декември со почеток од 10 часот организира работилница за граѓанските организации на тема “Дизајнирање на проекти со користење на иновативна методологија фокусирана на потребите на корисникот (Design Thinking)”. Работилницата ќе се одржи во просториите на НВО центар Скопје, МКЦ 1-КАТ.
Работилницата има за цел да ги запознае граѓанските организации со основите на “Design Thinking” – иновативна методологија која помага полесно да се идентификуваат барањата на граѓаните и целните групи за дизајнирање проекти кои соодветствуваат на истите, генерираат подобри резултати и отвораат нови можности.
За време на работилницата ќе се работи и на мапирање на процесот и нивото на задоволство на граѓанските организации од досегашната соработка со одделението за соработка со граѓански организации – Град Скопје. Ваквите активности ќе помогнат во следниот период да се направи подобрување на процесот на комуникација помеѓу градот и граѓанските организации, начинот на дизајнирање на повици за грантови и пропратните процедури.
Доколку сметате дека работилницата е од ваш интерес пријавете присуство најдоцна до 11 декември (понеделник), 13 часот на skopjelab@skopje.gov.mk. На работилницата организациите може да учествуваат со најмногу 2ца претставници.