Date:
јуни 3, 2020
Дизајн фокус на решението беше практика на употреба, акцентирање на зеленилото и целокупно зајакнување на естетиката на просторот. Транспортниот центар во Скопје има потенцијал да придонесе многу повеќе за заедницата и ние веруваме дека нашето решение стреми кон реализација на тој потенцијал. Прво почнавме со запознавање на таргет групата и нивните преференци.
Анкета
Спроведена на 49 учесници
Дали возите велосипед?
Дали во таа зона недостасува паркинг за велосипеди?
Дали би било од корист charging station за телефони во таа зона?
Дали носите кабел за полнење на вашиот телефон/таблет?
НАШИТЕ ЦЕЛИ
Можност велосипедот да се заклучува на повеќе места
Заштита од временски услови при подолго паркирање
Воспоставување контакт со зеленило
Создавање на простор за социјализација и одмор
Користување на обновнливи извори на енергија и поставување на првата charging station во Скопје
Процес на изработка
1: Позиционирање на интервенцијата на локација.
2: Однос со постоечкото движење
3: Избор на материјал
4: Поделба на интервенцијата на два дела и нивен меѓусебен однос
5: Проби со форми и креирање на финална форма
6: Вметнување на додатни елементи и нивно позиционирање
7: Финализирање на целокупната интервенција и техничките прилози
Технички опис
Шалувањето да биде со глатка оплата. Бетонот да биде МБ30 и при лиењето на бетонот обавезно да се користи вибратор. Арматурата која се вградува да биде ребраста и да се изработи и вгради по проект за статика и да се приложи сертификат за квалитет. Држачите кои служат за наслонување и врзување на велосипедот, се изработени од челичен флах со димензии 70/10мм и е со должина од 3500 мм. На долниот дел од двете страни на држачот има испуштени делови нанадвор за 200мм кои се прицврстуваат за арматурата од интервенцијата, врз што се лие бетонот, па така се осигурани држачите без дополнителни материјали како шрафови.
Овие модули се особено погодни за полнење батерии во мали изливни системи. Цврстата рамка на модулот направена од елоскиран алуминиум нуди механичка стабилност, гарантирајќи цврста инсталација на модулот. Со овие панели се поврзани кабли кои завршуваат со USB приклучок и излегуваат на задната страна, над клупата на бетонскиот елемент, при што ќе можат да бидат искористени како полначи за телефон. Исто така на горната површина од бетононскиот елемент се појавува вдлабнатина во која ќе биде поставена жардињера со димензии 100/30/20см во која ќе има посадено сезонско цвеќе и ќе му даде живост на просторот.