Date:
јуни 3, 2020
Набљудувајќи ги движењата во околината на железничката станица лесно може да заклучиме дека сите типови на движења, колски, пешачки и веосипедски, се најитензивни во правецот на бул.Кузман Јосифоски Питу. При изборот на локација се водевме од потребата паркинот да е лесно достапен и да не се вкрстува со останатите движења. Автобуската и железничката станица креираат одередени микро атмосфери, чие функционирање сакавме да ги надополниме.
Заради тоа паркингот го лоциравме на две локации, првата предложена локација во близина на слаткарницата Шеќерезада и втората предложена локација во близина на паркингот при влезот во автобуската станица. Првата локација го тангира пешачкото и велосипедското движење по булеварот а истовремено се наоѓа во близина на влезот на железничката станица. Втората локација е во непосредна близина на булеварот, при влезот во автобуската станица и го користи потенцијалот на зелената површина пред себе. Близината на влезовите во железничката и автобуската станица соодветно нудат потенцијал за дополнителни содржини на пјацетата покрај паркингот на велосипеди.
Анализа на резултатите од анкетата „За подобар вело-град“
Спроведената анкета опфати вкупно 40 испитаници.
Дали го паркирате/би го паркирале велосипедот за подолг период на јавен отворен паркинг?
Дали би го паркирале велосипедот за подолг период на јавен заклучен паркинг?
Дали би платиле 50ден за паркирање на подолг период во јавен затворен заклучен паркинг?
Според Вас, колку е важно паркирањето да биде заштитено со натстрешница?
Одраз на резултатите од анкетата во проектното решение
Потреба од голем број на паркинг места
Преферирање на повеќедневно паркирање во објект
Стандарден метод на заклучување со клуч-салја и синџир со катанец
Заштита од атмосферски влијанија
Одложена потреба да станица за полнење на е-велосипеди
Функционалност и капацитет
Пристапот на обликовање кој е применет во проектното решение го следи принципот на превертени “U” држачи кои се советувани од правилникот за проектирање Architect’s data-Neufert, овие држачи се едни од најлесните за употреба кои истовремено нудат најоптимално искористување на просторот. Нивната комбинација со класичните држачи за велосипеди обезбедува оптимална искористеност на просторот за паркирање. Дизајнот е јасен, еднозначен и лесен за користење за сите воздрасти. Комфорната дистанца меѓу држачите го прави применлив и за планински велосипеди, со кошница, корпа за деца и други видови на велосипеди.
Двете локации кои се избрани за паркинг простор ја тангираат велосипедската патека што ги прави лесно достапни и применливи. Се наоѓаат во непосредна близина на влезовите во автобуската и железничката станица заради што нудат и дополнителни содржини како што се клупи за седење, корпи за отпадоци и зеленило. Приспособливиот дизајн овозможува адаптација на содржините кои се потребни на локацијата и различна урбана поставеност во зависност од условите.
Изведба: Заради специфичниот пристап при обликувањето, дизајнот се состои од серија на рамки кои ја градат пјацетата. Овие рамки иако дел од истата форма се различни меѓу себе. При изведбата тоа не упатува кон употреба на алатка од дигиталната префабрикација односно машинска CNC изработка на рамките. Од друга страна материјалите кои се предвидени се стандардни, лесни за изведување и одржување.
Трајност и заштита: Држачите за велосипеди и останатата содржина на пјацетите се изработени од челичен лим и буково дрво, два материјали кои најчесто се употребуваат при изработката на урбана опрема што сведочи за нивната трајност и лесно одржување. Покрај тоа за поплочување се употребени веќе постоечки плочки и бетонски префабрикати.
Безбедност: За двете пјацети е предвидено осветлување и видео надзор, покрај тоа и двете пјацети се наоѓаат на фрекфентни локации што обезбедува дополнителна сигурност на паркингот. Покрај тоа држачите се предвидени да овозможуваат заклучување на велосипедите на едно, две или повеќе места.
Естетика: Проектираниот изглед на држачите и останатите содржини на пјацетите претставуваат визуелна целина, со јасен израз кој нуди можност за идентификација. Една од работите на која се фокусиравме беше присутноста во просторот да биде на начин кој не ја загрозува изразноста на веќе постоечките објекти.
Bikelockers
Следеќи ги резултатите на анкетата и сакајќи да одговориме на прашањето за повеќедневно паркирање на велосипеди предлагаме употреба на шкафчиња за велосипеди (bikelockers). Анкетата покажува дека за повеќедневно паркирање се претпочита затворен, заклучен и обезбеден паркинг, повеќето корисници преферираат тоа да биде во објект. Од тие причини предлагаме употреба на шкафчиња за велосипеди (bikelockers) кои би биле лоцирани во објектот на железничката станица. Овие шкафчиња за велосипеди (bikelockers) најчесто се изработени од метал, вклучуваат сопствен систем за заклучување и наплата на услугата и немаат потреба од дополнителна инфраструктура.
Покрај паркирање на велосипедот овозможуваат и складирање на лични предмети што е особена предност при интермодалните патувања. Сметаме дека овој пристап е соодветно решение затоа што може лесно да се имплементира и брзо да биде ставен во употреба.
Затоа што внатрешноста на железничката станица не е дел од предметот на овој конкурс, цената за нивна имплементација е исклучена од премерот на овој проект, сепак за полесна ориентација предлагаме преглед на некои шкафчиња за велосипеди (bikelockers),