Skip links

Решение 3

Изработиле: Глорија Ефремова и Михаела Такова


Date:
јуни 3, 2020
ЗОШТО ОВОЈ ДИЗАЈН?

Кога ја смислувавме идејата за овој проект, следевме два главни приоритети, односно околината на локацијата и безбедноста на корисниците на овој паркинг. Транспортен центар е изграден во 1963 година. Во тие години огромна популарност стекна таканаречениот “Ретро” стил во архитектурата, модата и други индустии.

Кога се наоѓаме во транспортен центар и кога ја гледаме неговата конструкција, дури и кога гледаме слики од него добиваме илузија дека се наоѓаме во 60тите. Во тоа време касетите беа едни од најпопуларните производи, кај помладите и кај постарите генерации.  Поради тие причини, сакаме да им овозможиме на сите граѓани подлабоко да патуваат низ времето, да ги разбудат сеќаваањата на тие години и да се согледа развитокот на технологијата низ годините.

Кога станува збор за безбедноста на корисниците, паркингот го направивме така што секој велосипед се поставува посебно до еден држач или во една маска. Избравме просторот да биде отворен и секој држач посебно поставен за да се избегнува близок контакт со велосипедите за хигиенски причини. Школката е изработена така што ќе го заштитува велосипедот од надворешни влијанија особено на седиштето и на ланците кои што според истражување направено од корисници на велосипеди, е најчесто оштетено од вода и останати климатски влијанија.

МАТЕРИЈАЛИ 

За изградба на вело паркингот, одлучивме да употребиме класичен материјал. Држачите ќе се изработат до железо Ф5, а праговите ќе се направат од асфалт. Држачите се изработуваат со бетонски темели со цел да се заштитат од извекување. Кога станува збор за маската или школката што е основата на овој проект, односно неговиот дизајн, таа сметаме дека треба да биде изработена од рециклирана пластика. Во дизајнот се вклучува и изработка на клупа која е дел од вело паркингот и го појаснува. Таа исто така ќе биде изработена од рециклирана пластика.

Видови Брави / Сајли / Катанци кои можат да се користат

Ланецот се состои од зацврстени метални врски. Синџирот е заклучен со катанец. Врските и синџирите се разликуваат по големината, тежината и силата. Обично посигурните брави се потешки за носење. Честопати врските се покриени со пластичен ракав за да се заштити ланецот и велосипедот.

Кабелските брави се лесни велосипедски брави што можат да се транспортираат прилично лесно со минимална врева. Како синџирите, тие се исто така флексибилни, значи дека можат да бидат заклучени за многу предмети.

Постојат и комбо-брави. Овие брави се едноставно кабелски брави кои се отклучуваат со комбинација, наместо со клуч. Д-бравата, исто така попозната како U брава, се користени уште од 1970-тите и во суштина се како огромен катанец. Тие можат да варираат во големина, тежина и сила.

Сајли на преклопување, според името, се преклопуваат и имаат многу компактен дизајн. Повеќето доаѓаат со држач за рамката на велосипедот за транспорт.

Сакате да дознаете повеќе? Проверете ги долните линкови!
Целосно решение
Целосна презентација
Видео од настанот