Skip links

Решение 4

Изработиле: ИТЕСА, Димитар Стефановски, Ана Јанкуловска, Теодора Василева, Љубица Ефтимова и Ивана Илиеска


Дата:
јуни 3, 2020

Паркингот за велосипеди и пјацетата се наоѓаат до објектот на Транспортен центар во Скопје, на две катастарски парцели 6680/1 и 433/1, по должина на бул. Кузман Јосифоски – Питу.

Оваа локација е избрана поради југо-источната ориентација – сончева и осветлена во текот на целиот ден. Исто така е и доста раздвижена – место на кое секојдневно помиуваат голем број на луѓе.

Целиот зафат зафаќа површина од 650m2. Акцентот во целиот проект е ставен на велосипедските постојки кои се дисперзирани на три места и притоа овозможуваат паркирање на вкупно 17 велосипеди. Во постојките се интегрирани и клупи за седење.

Структурата е изработена од челичен флах со димензии 90х10mm и премачкана со портокалово – црвена боја. Клупите се изработени од поцинкуван перфориран лим со d=4mm кој е премачкан со термопластика во истата боја. Од внатрешната страна на профилите предвидено е поставување на лед траки кои одат по целата должина. Исто така превидено е и засадување на зеленило непосредно до вело – паркингот кој е поставен по должината на улицата.

По должината на објектот од Транспортниот центар водат линии кои служат како патокази (насоките на движење се означени на ѕидот од објектот). На аголот од локацијата е поставен сервис за велосипеди. Пјацетата го следи поставувањето на велосипедските постојки. Нема физички линии кои ја ограничуваат. Обележана е со боење на полукругови и линии во партерот, кои пак водат кон патоказите.

локација неактивни делови

Решението се состои од концепт-линија повикувајќи се на железничката станица како линиски потег во градот. Линија која претставува правец, насока, движење, поврзување. Се протега во два правци, под сонце и под сенка. Закривувањето и висините на модулите се добиени според димензиите потребни за паркирање на повеќе видови велосипеди. Освен главната функција, станционирање на велосипеди, таа содржи и место за седење, потпирање. Линискиот концепт на велопаркингот ја дооформува вело пјацетата во однос на движење, безбедност,атмосфера и ориентрација во околината.

Сакате да дознаете повеќе? Проверете ги долните линкови!
Целосно решение
Целосна презентација
Видео од настанот