Skip links

Решение 7

Изработиле: Михајло Стојановски и Теа Дамјановска


Date:
јуни 3, 2020
Технички опис

Принципот при создавање на овој простор предвиден за стационирање на велосипеди започнува со хумана идеја за решавање на тој проблем. Генерално гледано, кражбите на велосипеди се честа појава во Скопје и тие се случуваат од јавни места обезбедени со камери и кафези, па се до приватни домови и станови. Токму поради тоа, при размислување за заштита на велосипедите, таа улога во ова решение падна на најголемите “градски“ чувари, уличните пешаци.

Проектот “Велоштад“ ја надминува основната идеја за едноставно паркирање поред транспортниот центар и истиот го претвора во нова вело локација во градот. Низ релативно едноставен процес на ревитализација, со лесно превземливи чекори, овој престор станува мешавина од возобновени стари вредности и квалитативни новости. Од обична минувачла точка, избраната локација станува градски велосипедски акцент! Тоа е така затоа што, покрај паркирање, овој нов плоштад нуди простор за основен сервис на велосипедот, гардероби за брза промена на облеката, кабини за подолговремено стационирање на велосипеди и урбана опрема која ги повикува локациите и дојдениците да сакаат да поминат време во овој дел од градот.

Локацијата нуди можност за релативно голем зафат кој, користејќи ги адутите на локацијата. ќе воспостави нови можности како што се: мал парк со урбана опрема за детска игра, ноќни филмски проекции, камерни концепти, отворен продолжен перон на меѓуградската автобуска станица при добри временски услови и сите други активности кои би биле препознаени од корисниците.

Адаптабилност

Во поглед на адаптибилност модул за паркирање, тој е едноставен, препознатлив, одржлив и надградлив според просторните можности и барања на локацијата. Од основен модел на дизајнирани велозаклучувачи со клупа, може да се потврди во цела оска/поле со сервис за велосипеди, гардеробери, настрешници и други потребни елементи.

Ваквиот поинаков пристап каде луѓето се индирекни чувари на велосипедите ка засичива безбедноста, ја охрабрува секојдневната употреба на велосипед и се претвора во едно од повеќето идни места кои ќе се препознаени како ВЕЛОШТАД.

Сакате да дознаете повеќе? Проверете ги долните линкови!
Целосно решение
Целосна презентација
Видео од настанот