Skip links

Решение 8

Изработил: Миле Аврамовски


Date:
јуни 3, 2020

Одбраната локација претставува празен трем со голем потенцијал за негова пренамена во атрактивна градска површина. Предвидената интервенција ги интерполира модулите за паркинг на велосипеди помеѓу столбовите на тремот со што не се попречува моменталното движење. Покривот на локацијата служи како заштита од природни влијанија врз велосипедите. Во рамки на локацијата е предвидено обновување на постојното зеленило, како и создавање на нов зелен појас и две нови точки за средба и одмор.

Идејата зад ова решение е да биде создаден простор кој ќе одговори на прашањето:

Како да се интегрира споменот во велосипедскиот парк, и сето тоа да биде интерактивно, убаво, одржливо и практично?

Истражување

Во поглед на материјалите на изработка, паркинзите се изработени од метал, и се лесно одржливи.

Во поглед на дизајнот, е користен во пеперутките на кеј на вардар, паркингот на кока кола, како и пред магнафлекс.

Во поглед на функционалноста многу мал дел ги исполнуваат барањата зададени во конкурсот.

Заклучувањето само на предно тркало е крајно бескорисно.
Дизајн на пјацета

Дизајн на пјацета

Од истражувањето заклучив дека дизајните направени за велосипедски паркинг се водени само од функционална гледна точка но не и од емотивна.

Со мојот дизајн сакав да допрам до лугето, дизајнот на држачите за велосипедите да можат да се поистоветуваат со карактерот и секојдневните активности на лугето, да предизвикаат емоции, сигурност, но и да бидат функционални.

Во дизајнот сакав велосипедскиот парк да стане собиралиште каде лугето би закажувале средби, каде лугето би правеле спомени, каде би се забавувале, а не само да ги остават велосипедите.

Според лугето кои користат велосипеди издвоив неколку типови за дизајн на држачи: пријателки кои со велосипедите одат во парк, пензионер кој се врака од пазар, спортисти, заљубен пар кој се шета, деца, забава.

За дизајнот на пјацетата, сакав да го озеленам просторот, изгледот да биде природен, но и да обезбедува заштита на велосипедите и лугето од снег, сонце, дожд, лугето да се осекаат сигурни во паркот дење и ноке, како и да има простор за седење, одмор, и простор за фрлање на одпадоци.

Дизајни за држачите

Сакате да дознаете повеќе? Проверете ги долните линкови!
Целосно решение
Целосна презентација
Видео од настанот