Skip links

Решение 1

Изработиле: Јулијана Бабиќ, Андреј Јаневски и Биљал Дурмишовски


Дата:
јуни 3, 2020

Партерно решение

Според локацијата паркингот треба да се постави на локација околу транспортен центар во Скопје. Предвидено е да се постави на површина од бетонски павер елементи, а може и на било која друга површина.

Како подлога за позиционирање на вело-паркингот, освен павер елементи може да се користат материјали без абразивни карактеристики, зависно од местоположбата каде би бил поставен модулот.

Архитектонско решение

Концептуално паркингот е предвиден како една целина т.е. единка која што може да се мултиплицира по потреба. Лесна за монтажа и демонтажа, што значи дека лесно може да се преместува на различни локации. Основниот материјал е од кој што е предвидено да се направи се челични профили, минизирани и фарбани со боја за метал. Покривањето е решено со плексиглас кој што се заштрафува на металната подконструкција.

Едниот дел од паркингот е предвидено доколку има можност на локацијата да биде засаден со растенија кои што ползат. Осветлувањето е предвидено да биде со светилки кои што сами се напојуваат од соларна енергија.

Проектираниот модул за вело-паркингот овозможува 16 места за одлагање на различни видови велосипеди, заради што осовинското растојание на ширината помеѓу нив е 60цм (иако прописите дозволуваат и помалку), а должината е предвидена вкупно 200цм во што е инкорпорирана и конструкцијата за настрешник, со планиран простор од минимум 150цм како зона за аксесибилност на возилото.

Според потребите, истот може да се изведе во сегменти со потребен број модула за 2 паркинг места. Се предвидуваат две точки за обезбедување (волан и тркало).

Во состав на велосипедските паркинзи се предвидува и вело-сервисна станица, а доколку локацијата има можност, поволно е да се постави и чешма со временска педала. Осветлувањето е решено со солар-светилки.

Сакате да дознаете повеќе? Проверете ги долните линкови!
Целосно решение
Целосна презентација
Видео од настанот