Зелени површини – Повик за тутори
СкопјеЛаб продолжува со иницијативата за редизајн на зелени јавни површини, овој пат со поголемо вклучување на граѓаните и заедницата на млади архитекти.
За таа цел, со поддршка на МЕЛЕЕМ Скопје, објавуваме Повик за тутори(Urban Changemakers) за реализација на две дводневни работилници за ко-креирање кои ќе се одвиваат во текот на Декември.
Потребни вештини:
- завршени магистарски или додипломски студии (архитектура, електротехнички науки, енергетска ефикасност, економски, право, уметност и друго)
- имате желба и идеи да го подобрите градот
- имате искуство во водење на група и/или работилница
- позитивни сте, спремни за работа во динамичен тим
- одлично познавање на англиски јазик, и други јазици опционално
- имате или немате некое хоби, иницијатива или стартап на страна од вашата примарна професија
Сите заинтересирани нека испратат CV на meleemskopje@gmail.com
Прочитајте повеќе за иницијативата: https://skopjelab.mk/predizvik/redizajn-na-javni-zeleni-povrshini/