Официјално отворање на Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб
На 6ти Јули официјално започнува со работа Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб, кој се наоѓа во просториите на Граѓанскиот информативен центар на Град Скопје.
Скопје Лаб е пилот проект на УНДП и Град Скопје основан со помош на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Република Турција и Министерството за финансии на Република Словачка.
Центарот за иновации претставува експериментален простор и место за соработка кој ќе им овозможи на граѓаните, бизнисите, јавните и граѓанските организации и академијата заедно со администрацијата на Град Скопје да дизајнираат и развијат услуги, проекти и политики што подобро ќе служат на сите. Преку екпериментирање со иновативни пристапи и методи, центарот ќе помогне во развивање ефективни решенија кои ќе придонесат за подобување на одржливоста и урбаната отпорност на градот.