СкопјеЛаб СкопјеЛаб
  • skopjelab@skopje.gov.mk Контактирајте не
#АКТИВНОСКОПЈЕ
  • Дома
  • За нас
  • Пристап
  • Проекти
  • #РЕДИЗАЈНСКОПЈЕ
  • Новости
  • септември 17, 2017
  • Центар за иновации на Град Скопје
  • Новости

Car Sharing: Иднината на транспортот

Дали достапноста и релативно ниската цена на возење и поседување автомобил предизвикува преголема конзумација? Дали автомобилот ја има оддамна поминато точката на служење исклучиво како алатка за транспорт? Како вистински да го дефинираме овој предизвик и уште поважно, како да се справиме со него? 76% од граѓаните во Америка се возат сами во автомобил. Вака некако изгледа и сликата за Скопје, еден од нај загадените градови во Европа.

Со идеја да зборуваме за горенаведените точки меѓутоа и да го продлабочиме нашето разбирање за економиите за споделување, принципите на peer-to-peer бизнис моделите и идејата, ефектите и имплементацијата на car sharing системите го организираме новиот настан во склоп на серијата TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани.

Со темата “Car Sharing: Иднината на транспортот” (Car Sharing: The future of transport) ќе зборуваме за мотивот позади споделувањето на возила како и воопшто причините зошто како општество се повеќе и повеќе сакаме да споделуваме. Исто така, ќе дискутираме и за успешните примери од странство и Македонија на темата но и пошироко, за општественото и економското влијание од ваквите промени. Целта е да размениме мислења и знаење за процесите преку кои ваквите иновации може да станат подобри, односно како со помали трошоци до поголема ефикасност и одржливост преку имплементација на нови методи и технологии.

Настанот ќе се оддржи на 20.09.2017 со почеток од 19 часот во просториите на ФИНКИ, односно во Регионалниот центар за социјални иновации, Барака 1 на ФИНКИ во Скопје.

Настанот е независно организиран ТEDx настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на експерт гостите, партнер организациите и агендата на настанот дополнително ќе бидат објавени. Настанот е организиран во склоп на Европската недела на мобилност.

Како да аплицираш?
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар:
https://goo.gl/forms/9KAW0XMhTXbODpg73

Поддржувачи:
Европска недела на мобилност/МЖСПП, Прв до врв, Скопје Лаб – Центар за иновации на Град Скопје, Град Скопје Официјален профил,FINKI – Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство,Social Innovation Hub Skopje, SmartUp – Social Innovation Lab

Предходен написНови современи технологии за иновирање на јавните услуги
Следен написЈавните услуги: Иднината
Поврзани написи
  • Изработка на проекти за финансирање од импакт инвестициско портфолио август 18, 2021
  • Основни и напредни обуки за користење на ИТ алатки за јавната администрација јуни 17, 2021

Добивај известувања

© 2021 Центар за иновации на Град Скопје. Сите права задржани.
 

Loading Comments...
 

    X