Јавните услуги: Иднината
Првото нешто кое ви паѓа на ум кога ќе се спомене јавен сектор сигурно не е иновативност. Меѓутоа, голем број организации, општини и градови неуморно работат ваквата перцепција да се промени.
Имајќи ги предвид брзината со која се развива технологијата и бројот на стартапи кои нудат нови и подобрени продукти, во една ваква конкурентна средина општините не смеат да си дозволат да го занемарат подобрувањето на сопствените јавни услуги.
На новиот во серијата TEDxSeptemvriskaSesijaSalo
Настанот ќе се оддржи на 30.09.2017 со почеток од 19 часот во просториите на ФИНКИ, односно во Регионалниот центар за социјални иновации, Барака 1 на ФИНКИ во Скопје.
Настанот е независно организиран ТEDx настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на експерт гостите, партнер организациите и агендата на настанот дополнително ќе бидат објавени.
Како да аплицираш?
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар:
https://goo.gl/forms/
Поддржувачи:
Град Скопје Официјален профил, Скопје Лаб – Центар за иновации на Град Скопје, FINKI – Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство, Social Innovation Hub Skopje, SmartUp – Social Innovation Lab