Конкурс на тема енергетска ефикасност: Победнички конкурсни трудови
Одбрани се четири дизајни на тема енергетска ефикасност кои конкурираа на Конкурсот за дизајн за постер и беџ, објавен од страна на СкопјеЛаб. Избраните решенија ќе бидат дел од промотивната кампања на Град Скопје за постигнување на поголема енергетска ефикасност во градот со цел намалување на потрошувачката на енергија, зголемување на квалитетот на живот и намалување на загадувaњето.
Покрај примарната цел на одбирање на конкурсни трудови за целите на кампањата „Промената започнува со тебе!“, особено важен аспект на конкурсот беше обезбедување на платформа/ канал за комуникација со јавноста за нејзино поактивно вклучување во дизајнирање на решенија кои ќе поттикнат позитивни промени во областа на енергетската ефикасност. Ваквиот пристап даде појасна слика за разбирањето на енергетската ефикасност како особено важен дел за постигнување урбана одржливост што е една од примарните цели на работењето на Скопје Лаб.