СкопјеЛаб СкопјеЛаб
  • skopjelab@skopje.gov.mk Контактирајте не
#АКТИВНОСКОПЈЕ
  • Дома
  • За нас
  • Пристап
  • Проекти
  • #РЕДИЗАЈНСКОПЈЕ
  • Новости
  • ноември 25, 2017
  • Центар за иновации на Град Скопје
  • Новости

Петта последна работилница за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот

На 30 ти ноември, четврток од 12:30 до 16:30 часот во Големата сала на Совет на Град Скопје  Скопје ќе се одржи петтата и последна работилница за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот.

Целта на оваа работилница е да се доработат веќе дефинираните прототип решенија и да се развијат во нивната конечна форма. Овие решенија ќе допринесат во намалување на проблемот со отпадот  и полесно справување со истиот.

На ова работилница ќе продолжиме да работиме со ист профил на учесници, претставници на релевантните институции и сектори како што се:  претставници од ромската заедница – неформални собирачи на отпад, граѓани, Град Скопје, ЈП Комунална Хигиена, Пакомак, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за храна и ветеринарство, Депонија Дрисла, граѓански организации, приватни компании кои работат на собирање отпад, како и индивидуални граѓани кои се заинтересирани активно да се вклучат во изнаоѓање на решението за овој битен предизвик на нашето општество.

Она што се очекува од ова последна работилница е финализирање на прототип решенијата:

    • Поставување на временската рамка
    • Идентификување на сите активности и чекори потребни за спроведувањето на прототипот
    • Дефинирање на потребниот буџет

Работилницата е отворена и за граѓани па доколку имате интерес да се вклучите пријавете интерес за учество најдоцна до 24ти ноември  на  skopjelab@skopje.gov.mk.

Со задоволство ве очекуваме да продолжиме да работиме заедно!

Повеќе информации за проектот може да најдете овде.

Предходен написЧетврта работилница за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот
Следен написРаботилница за граѓанските организации – “Дизајнирање на проекти со користење на иновативна методологија”
Поврзани написи
  • Изработка на проекти за финансирање од импакт инвестициско портфолио август 18, 2021
  • Основни и напредни обуки за користење на ИТ алатки за јавната администрација јуни 17, 2021

Добивај известувања

© 2021 Центар за иновации на Град Скопје. Сите права задржани.
X