Постојаниот општествен напредок заедно со брзиот технолошки развој допринесува до се поголемо производство и употреба на електрични и електронски уреди и опрема. Е-отпадот содржи опасни супстанции кои се штетни за животната средина и здравјето на луѓето ако не се соодветно третирани или отстранети. Во 2017 година, во светот се направени 47.8 тони на е-отпад, алармантен број кој константно се зголемува. Ситуацијата во Македонија не е поразлична, но свесноста за правилно одложување, и третирање на е-отпадот е сеуште е на многу ниско ниво, и покрај напорите на неколку организации кои на некаков начин се обидуваат да се справат со предизвикот.
Препознавајќи ја потребата од подигање на свеста на граѓаните, особено помладите, за начините на правилно одложување на е-отпадот, Скопје Лаб – Центарот за иновации на Град Скопје во соработка со Нула Отпад – Друштво за управување со отпад, организираа еден забавен, информативен и креативен настан за средношколци.
Со информативна и забавна содржина, забавен квиз и бесплатно кафе со донесени 3 батерии, целта на настанот беше:
Дизајнерско размислување (Design Thinking или Human-centred design) за да се мапираат проблемите и да се дојде до идеи за нови решенија.
Иновации за подобар резултат
1. Мапирани предизвици поврзани со управување и справување со е-отпад од страна на средношколците:
2. Идентификувани можни решенија за справување со дел од идентификуваните предизвици
Проблемот со е-отпадот е значаен и изнаоѓање и имплементирање на решенија од страна на сите заинтересирани страни е повеќе од потребно.
Доколку вие имате идеја или сакате да помогнете во реализација на некои од горенаведените идеи ве покануваме да не контактирате на skopjelab@skopje.gov.mk.