СкопјеЛаб СкопјеЛаб
  • skopjelab@skopje.gov.mk Контактирајте не
#АКТИВНОСКОПЈЕ
  • Дома
  • За нас
  • Пристап
  • Проекти
  • #РЕДИЗАЈНСКОПЈЕ
  • Новости
  • јули 4, 2019
  • Центар за иновации на Град Скопје
  • Новости

Одржана втора работилница за редизајнирање на услугата за собирање кабаст отпад

На 1ви јули во просториите на Град Скопје, се одржа втората работилница за редизајнирање на услугата за собирање на кабаст отпад на ЈП Комунална Хигиена. 

Со веќе-формираната група на учесници од првата работилница, се доформулираа проблемите и причините за неправилното одлагање на отпадот и успешно се постигна консензус по однос на истите. Главниот фокус беше на мапирање на сите засегнати страни кои директно или индиректно придонесуваат за проблемот или помагаат во негово решавање, вклучувајќи донесувачи на одлуки и регулатива, потенцијални донатори, влијателни личности и медиуми итн.

Дополнително, се работеше и на мапирање на постоечки и потенцијални извори на податоци кои можат да помогнат во креирање ефективни решенија. 


Работилницата заврши со детален опис на главните засегнати страни односно нивното влијание на проблемот и проектот, типови на податоци кои ги генерираат и начин на кој податоците се користат за донесување одлуки, начин на ангажирање на актерот во процесот и сл. 

Третата работилница ќе се одржи на 9ти јули во просториите на Град Скопје а фокусот ќе биде на дизајнирање на потенцијални решенија.

Следете нѐ за да бидете во тек со прогресот и резултатите од процесот.

Повеќе за проектот може да прочитате овде: https://skrati.mk/KabastOtpad


 

Ознаки:
Град СкопјекабастКомуналнаотпадХигиена
Предходен написОдржана прва работилница за редизајнирање на услугата за собирање кабаст отпад
Следен написОдржана трета работилница за редизајнирање на услугата за собирање кабаст отпад
Поврзани написи
  • Изработка на проекти за финансирање од импакт инвестициско портфолио август 18, 2021
  • Основни и напредни обуки за користење на ИТ алатки за јавната администрација јуни 17, 2021

Добивај известувања

© 2021 Центар за иновации на Град Скопје. Сите права задржани.
 

Loading Comments...
 

    X