Прва регионална работилница #Градови на Иднината во Југоисточна Европа
Првата регионална работилница од проектот Градови на Иднината во Југоисточна Европа (Future Cities of South East Europe) поддржан од ClimateKic се одржа во Белград на 24- 25ти септември. На работилницата учествуваа претставници од сите 5 градови вклучени во проектот од 5те држави од регионот – Северна Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.
За време работилницата тимовите работеа на дефинирање планови за работа до крај на 2019, разменија практики и искуства помеѓу партнер градовите во поглед на минати и активни проекти и активности кои се врзуваат и/или се комплементарни со проектот. Дополнително се мапираа сегашните состојби на градовите учесници, засегантите страни и можните извори на финансирање на пилот акциите.
Бидејќи проектот цели кон дефинирање на стратешки процес за ко-креирање на решенија кои ќе помогнат градовите да одговорат на климатската криза и да престанат со емитување на стакленички гасови, беа разгледувани и презентирани и иновативни практики за соработка со заедниците кои би помогнале во процесот.
Град Скопје како и другите четири градови преку овој проект сакаат да обезбедат просперитет за локалните заедници во наредните декади, и за тоа се обврзуваат да работат брзо, да поттикнуваат и имплементираат политики, проекти и процеси кои ќе обезбедат:
- Квалитетот на воздухот во нашите градови да влезе во рамки на препорачаните граници на Светската Здравствена Организација до 2023;
- Постигнување приближно нула емисии на стакленички гасови до 2030 година преку развој на циркуларна економија;
- Еднаков пристап на сите членови на нашата заедница до пристојно домување, здравствена заштита, образование, мобилност, храна, вода, зелени и живи јавни места, безбедни и продуктивни можности за работа;
- Намалување на влијанијата на топлината и поплавите врз нашите заедници од година во година.
Следната регионална работилница ќе се одржи во Крижевци, Хрватска во периодот 26 – 28 Ноември 2019.
Проектот се реализира под водство на EIT Climate-KIC (https://www.climate-kic.org/) а во партнерство со организациите: Chamber of Commerce and Industry of Serbia, Bankers without Boundaries (UK), Green energy cooperative Croatia, The Democratic Society AISBL (UK) и градовите Марибор (Словенија), Сарајево (Босна и Херцеговина), Крижевци (Хрватска) и Ниш (Србија).
Дознајте повеќе за проектот на: https://skopjelab.mk/gradovi-na-idninata-vo-istochna-evropa/