Редизајн на јавни површини во Скопје
#РедизајнСкопје е иницијатива која има за цел трансформација на јавните површини во градот со цел обезбедување нови, одржливи функционалности кои подобро одговараат на потребите на жителите, ќе влијаат на убалжување на ефектите на климатски приметни и ќе созадат нови градски искуства.
Во текот на 2019 и оваа година, со имплементацијата на иновативен и инклузивен пристап на ко-дизајнирање со граѓаните, за граѓаните, на интерактивни повеќедневни работилници беа изработени вкупно 27 предлози кои нудат решенија за #Редизајн на јавни површини во Скопје, но и предлози за сосема нови простори кои ќе одговорат на урбаните предизвици.
Зошто Редизајн на јавни површини?
Градовите ширум светот се соочуваат со сериозен предизвик на прилагодување и “држење чекор” со брзата трансформација на општеството. Низ изминатите години сме сведоци на се поголемо задирање на дигиталната технологија и иновациите во секој аспект на нашето живеење што го вклучува и движењето низ урбаниот простор.
Ова го поставува прашањето:
“Како еволуираат урбаните простори и на кои начини е потребно да делуваме со цел тие да ја задржат или добијат повторно назад нивната функционалност, вредност и убавина?“
Со оваа иницијатива целиме да ги минимализираме негативните последици од занемарувањето на важноста и потенцијалот на овие простори, а преку културен инженеринг да овозможиме: 1) Зајакнување на постојните форми на движење и однесување коишто одговараат на потребите на граѓаните, 2) Овозможување простор и поддршка за развој на нови форми и простори, 3) Зголемување на безбедноста и функционалноста на локациите, 4) Зајакнување на урбаната отпорност на градот, и 5) Подобрување на квалитетот на живот и менталното здравје на граѓаните.
Редизајн 1.0
Во Редизајн 1.0 прочитајте повеќе за процесот кој беше базиран на квалитативно истражување со фокус на спроведување на интервјуа и опсервација. Оваа фаза опфати 7 локации за кои се изработија елаборати за изведба.
Дознај повеќеРедизајн 2.0
Редизајн 2.0 усвои партиципативен пристап на ко-креирање на дизајни за 9 локации кои ќе можат да систематизираат и интегрираат во постоечкиот градски модел, да создадат нови градски искуства и атмосфери.
Вело Паркинг
Предизвикот обезбеди 11 прототип решенија за велосипедски паркинг дизајнирани од млади професионалци со докажани знаења во областа.
Повик за акција
Можете да лобирате за имплементација? Имате можност за финансиска поддршка? Сакате да донирате урбана опрема или садници?
Ги покануваме сите граѓани и организации кои сакаат да допринесат кон урбана трансформација да ни помогнат резултатите односно концептите да станат реалност. Само заеднички ќе можеме да направиме вистинска промена!
Придружете ни се
Изработени решенија
- Сите проекти
- Вело Паркинг
- Редизајн 1.0
- Редизајн 2.0
36
Учесници
8
Ментори
16
Предлог дизајни
267
Разменети идеи